Тестенини со зеленчук
Потребно е: Зеленчук по ваш избор, најдобро е сезонски. Макарони или шпагети, а може и палента. Малку масло, сол, сос од домат, магденос, лук.
Подготовка: Зеленчукот се мие, потоа се сецка или на ленти или кругови. Сето тоа се става во тава полиена со масло и се пропржува, колку да омекне. Се додаваат зачините, кои како и зеленчукот се по ваш избор, како сос од домати, магданос, лук.. . Сето ова се меша со варените тестенини и одозгора кој сака може да стави пармезан, сирење или рендан кашкавал.