11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Ева Рас: Господ знае што и како ни се случува, нашето е да не се откажуваме

Неодамна на Саемот на книги во Белград, Ева Рас, актерка, сликарка и писателка, ја промовираше својата најнова книга, романот „Темура“, која во регионот доживеа 50 промоции а тамошното Министерство за култура ја окфалификува како културно богатство.
Ева е посебна жена, личност без предрасуди и без влакно на јазик, која и денес, во својата 77 година води активен живот како нејзините двојно помлади колешки. Се што и се случувало во животот, сетоа тоа го поднесувала достоинствено со истрајност и сила, небаре е војник на стража. Ја навтасаа семејни трагдии, почина маж и, ќерка и, самата заболе… Но никогаш не падна со дух, кој ја држи во топ- форма сите овие години.

Ме изненади Вашата сестраност и држење темпо со современите токови- имате профил на Фејсбук, меил адреса, експедитивни сте и брзо одговарате на интервјуа…
– Ја заговарам тезата – се додека сум жива да му припаѓам на актуелниот момент…Не можам да се држам до старите времиња и ако сите летаат со авиони, мене кочии да ме превезуваат од град до град… Да, користам интернет, Фејсбук е здодевен, меил адресите се корисни и овој степен на електроника го поврзува целиот свет а и мене со него. И тоа го почитувам.

Токму таа отвореност кон светот е дел од вашиот табиет- живеете без тајни, табуа, предрасуди. Што се однесува до Вашиот приватен живот, апсолутно кажавте се- дека ги загубивте ќерката и сопругот, дека и се инаетите на болеста… Вистински пример како човекот е посилен од животот, од трагедијата и од тагата.
– Не, не сум посилна, само сум во Божји раце, побожна сум и со благодарност прифаќам се што ќе ми прати Господ.

Се молите ли често? И- може ли добрината да ја победи грдотијата, зависта и злобата?
– Сега ќе ви кажам- втората димензија на секој мој атом е Господ, и се додека дишам, се до последен здив ќе ги изговарам молитвите да бидеме заедно, затоа што, без тоа заедништво јас не би живеела. Во мојот втор живот не сретнав ни завист ни злоба, сите луѓе што ги запознав се добри, некој помалку, некој повеќе, но во суштина сите сме подготвени, во лошите денови – да бидеме раме за плачење а во радоста- да сме заедно, да се смееме и уживаме.

Учествувавте во риалити шоу „Фарма“, а често ве повикуваат како гостин да ги коментирате настаните и учесниците- така стекнавте огромна популарност, иако многумина беа затекнати со вашето појавување…Велите – „морав да заминам на „Фарма“, затоа што тоа значи дека сум жива, и подобро беше да одам меѓу пијаните фармери отколку меѓу трезните доктори…“
– Риалити е нова драмска форма од која произлезе дигитализацијата на светот, гледачите го сакаат и јас сум благодарна на ТВ Пинк, затоа што имав можност 106 дена да бидам пред публика, и тоа е мојата најголема улога, во кариерата долга 56 години. Се разбира дека останав вљубена во Шекспир, Бернард По и Чехов, ама се впуштив во драми поинакви од нивните…Во целиот регион ми приоѓаат луѓето, затоа што заедно со реалното шоу ги гледаа и сериите на Синиша Павиќ, што се репризираа по сто пати…

За него и сакав да Ве прашам- улогите што ги толкувате, се напишани специјално за Вас, во сериите „Среќни луѓе“, „Стижу долари“, „Бела лаѓа“.
– Синиша Павиќ е Шекспир од нашето време, знае да комуницира со големи народни маси и јас сум среќна што пишуваше за мене, што сум дел од неговото творештво…Инаку, постојано работам. Штотуку го промовирав романот „Темура“ која на мојата радост жнее големи успеси.
Секогаш зборувам дека писател значи- не да пишувате, туку напишаното по илјада пати да го препрочитувате, така се создава роман. Малку одзимате, малку додавате, се додека не го стокмите….
Пишувањето е како животот, се е воља на Господ а нашето да сме вредни и да не се откажуваме од мислите, и покрај тешкотиите да веруваме дека Господ знае што и како ни се случува, и дека од таа верба црпиме сила да поднесуваме и добро и лошо, што и да дојде…


Дали сеуште мислите дека целиот свет е театар и дека секоја разумна жена бега од несреќни љубови?
-Да, така е…Шекспир напиша дека целиот свет е театар и дека луѓето се актери и јас се сложувам со него. А што се однесува до несреќните љубови, тоа не ми е јасно – како можете да сакате некого кој не ве сака, зарем тоа не е болно? Кога тоа ќе се случи, жената мора да се излекува, а не да тагува.
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена