„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“: Дојдете на роденденска торта

Утре, во Веро- центарот, ќе се случува популарната манифестацијата „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“. Традиционално и по десетти пат , јубилејот ќе помине со многу богата програма – изработка на роденденска торта, интересни гости, прогласување на најубавите торти…
Стартот е од 11ч, Ване Маркоски и Ирена Спировска како домаќини ќе го најават предизвикот- изработка на големата роденденска торта, која потоа и ќе се дегустира. Ќе биде тоа вистински празник за очи а неа ќе ја подготвуваат шефовите од „Гастромак“.
Богатата програма ја сочинуваат изведувачите – Акдемја рекреатива, Еурека, Студио Ребис од Влае, Студио Абстракт, Боби Спаценсовски со музичката група од училиштето за слепи „Димитар Влахов“, Академија Рекреатива, Олја и Елиза, Бенд Хепи Енд, Пламенка…
Загарантирано внимание е со учесниците на карвингот, Black Box натпреварот, ама и со натпреварот во брзо јадење. Дегустација на роденденската тортата е точно напладне а ќе биде доделена и наградата за животно дело.
Имате многу причини во саботата да бидете дел од овој голем настан, што го организираат Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација, ХОА – Ангелчиња .

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена

error: Content is protected !!