Кога желбата е најсилна?

Дваесетите- прикриена несигурност
Девојки: Се заморуваат со вистински или измислени телесни недостатоци, што им го загорчуваат животот. Опседнатоста со својата несигурност ја пренесуваат во сексот оптеретувајќи се со комплекси, срамежливост, недостаток на иницијатива, не дозволувајќи да ги води фантазијата и желбата. Сето тоа е цена на растењето, но некогаш таа е преголема. Тоа е период кога се стекнуваат убедувања и навики, но и период кога се освестува потребата љубов да се води само со саканиот маж.
Момчиња: Најголемиот страв на младиот маж е неуспехот, а тој се остварува во можноста или неможноста да се одржи ерекцијата. Дали ќе излезат доволно “мажествени“ за нив во тој период е клучна работа. Поради тоа собираат сексуални искуства како да се трофеи, не грижејќи се за чувствата на партнерката.

 Триесетите- потрага по уживање

Жени: Имаат образование, работа и емотивниот живот им е среден (или добро пливаат во соло водите),па затоа 30-годишниците во сексот знаат точно што сакаат. Склони се да ја превземат иницијативата, да се препуштат на некоја лудост и да пробаат нешто ново. Самодовербата им дава добра подлога да се однесуваат како што сакаат:бираат или не бираат, се согласуваат или одбиваат, се предаваат на љубовта или не и се предаваат. Ослободени се од лажниот срам и свесни дека сметките треба да си полагаат само на себе си. Обожуваат долги предигри, романтични вечери и најмногу од се секси долна облека.
Мажи: Не се многу задоволни од минатите сексуални искуства, а жените сеуште ги доживуваат како голема непозната. Оние кои не наседнале на приказните за женската доминација, успеваат да одржат складен однос со една партнерка, а останатите се задоволуваат со едноноќни авантури и одбегнуваат врски. Многумина се склони иницијативата да ја превземе жената, посебно во откривањето на “забранетото овошје“. Стравот дека нема да успее е присутен и понатаму во нивната потсвест, а уште посилно е истакнат доколку партнерките јасно и гласно кажуваат што сакаат .

Четириесетитте, педесетите- ново златно време

Жени: За нив навистина започнува златното време од економски аспект и во смисол на сигурноста. Децата се доволно големи и тие можат да се посветат себе си. Повторно се откриваат и ја изразуваат својата женственост. Брчките и другите промени на телото ги доживуваат како знаци на потполна зрелост. И сексот е важен дел на новото осознавање на животот, сите истражувања покажуваат дека жените по 40-тите се посебно активни. Не сакаат да губат време во здодевна ограничена врска, туку да го искусат сето она за што немале време или храброст порано.

Мажи: Сигурна кариера, среден живот,и затоа 40-годишниците уживаат во сексот. Освен оние вечни Петар Пановци или хроничните Казанови, сите останати ги очекува долг период на уживање со постојаната партнерка:доброто познавање и ускладеноста се главни адути за сексуална, но и за севкупната среќа.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена