6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

Шеф Маре Јаневска: Моето „машко“ крузер искуство

Маре Јаневска, шеф со 25. годишно квалитетно искуство, од кое- 16 лета во Британската амбасада, неодамна својата биографија ја збогати и со работата на круз. Позната по својот префинет вкус и деликатен „final touch“, тие што ја знаат Маре, вклучително и јас, знаеме дека има „силни мускули“ па стереопите од типот- машка и женска работа, кај неа не постојат.
Дека стереотипите не се вечни, хероината на овој текст ми кажа веднаш на почетокот:

– Во врска со „чамецот“: да, само најсилните можат да го издржат тој предизвик. Тој што не бил, не може ни да замисли колку е тешко.., посебно кога се работи за жена, единствена во „чопор волци“. Борбата за рамноправност е тешка, особено кога ќе се погоди некој, кој не може да прифати дека му доаѓаш во неговиот простор и му се „мешаш у штипки“… Благодарна сум на Виктор Настески и за довербата и за препораката… Ова беше голем предизвик, невидено искуство…. и горда сум на себе што сум една од ретките „жени“, кои издржуваат „машки“ предизвици.

Крузерот, местото на нови готвачки искуства се вика Norwegian Epic Cruise Line и тој пловеше по Медитеранот, поточно, тргна од Рим, па се движеше по Неапол, Палма Де Мајорка, Ибица, Барцелона, а на враќање маршутата беше Кан, Фиренца, Пиза и Рим.
Маре, како што вели самата, често ги урива предрасудите, и секогаш е отворена за нови знаења и искуствата.
Овој пат предизвикот беше еврејската храна која подразбира три вида кошер (дозволена) храна – неутрална (зеленчуци, жита и некои видови риба), млечна и месна. Чичко Гугл вели дека халал се однесува на дозволена, душевно и религиски чиста храна.
– Кај месото се потенцираат животните што преживуваат, ама се јадат и кокошки и мисирки. И изборот на рибите не е баш наједноставен, дозволени се оние што имаат крлушки – туна, лосос, харинга, а сите водени животни без тој „додаток“ не смеат да се најдат на трпезата, вели Маре. – Понатаму, никогаш не смее да се користи истото тенџере за млеко и месо а за тие намени, мора да постојат различни садови. На крузерот беа задолжени пет рабини за проверка на производи и садови, одн, дали се придржуваме до кошер исхрната.

Менито на крузерот беше разновидно, се правеа пасти, ориз, салати, риби, месо… , традиционални еврејски јадења: фалафел со хумус, пити лепињи, пастрма, печени јунешки ребра со сладок сос од брусница, супа од дал бабка, ругелах колачиња…
Помеѓу оброците се правеше сериозна дезинфекција а зелените салати: марули, аспарагус, брокула, карфиол, се киснеа во вода, отстојуваа и се миеа едно по едно.

Како што раскажува Маре, првите четири дена на крузер, како шеф во кујна, навистина беа со пеколно темпо: од 6 часот наутро до 22 ч. навечер, без пауза.
-Во кујната бев со уште двајца шефови, набргу, само со еден и со уште неколку момци останати од неколку ресторана од бродот… Би сакала да ги спомнам Роберт и Ализа Сајдмани, колегата што бевме првите 5 дена заедно и неговата сопруга, која е директор во фирмата Кошерика, што го организираа ова патување.

– Обврските ми беа, освен организација на менија во кујна, хигиената и комплет план за секој ден, имав и контакти со гости, многумина имаа рестрикции со храна и посебни порции…Како единствена жена во кујна се изборив со разни предрасуди, и презадоволна сум со искуството што го надградив, правев нешто сосема различно…
Најмачен дел е што си сам, одвоен од семејство, 2 дена немаше никакви контакти, едноставно те фаќаат кризи. Крузерското искуство траеше 10 дена, во моментот немаше никој од Македонија, запознав двајца менаџери од Хрватска, прекрасни луѓе, а најбројни беа индијци, филипинци и малезијци.
Инаку, крузерот беше на 17 ката, мојот ресторан беше на 6-тиот, собата на 13-тиот, а паузите се правеа на фамозниот 15 кат, каде појадокот, ручекот и вечерата беа бесплатни, таму беа базените, журките. Два дена имаше прослави, малку се релаксирав… Но сепак, најубаво ми беше кога ги фаќав изгрејсонцата и зајдисонцата. Сама во величенствена непрегледност на небото и морето….

И еве сум сега, со слегнти впечатоци. Кога резимирам, работата на брод не е лесна, не поради обврските туку поради затвореноста, изолираноста, поминуваш покрај убави, прекрасни места а затворен си…
Велиш, „никогаш повеќе“, но отпосле знам дека тоа е добро искусво, и дека е сосема во ред да одам повторнона на вака куса тура.
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена