Владимир Крстевски – Франц: Во Лос Анџелес никој не е странец
„Првото чувство што човек го има кога ке излезе од аеродромот на Лос Анџелес е дека му е некако позната околината. Толку сме навикнати да го гледаме Лос Анџелес по филмови што веќе секој си го чуствува како свој. Мислам дека каде и да поставиш камера во тој град ќе најдеш добар кадар за во филм или видео, какво и да е.Широки сончеви улици, украсени со палми и со некои декоративни цртежи по зградите и куќите кои горе доле имаат повекето хиспано хациенда стил е одбележието на Лос Анџелес“, вели музичарот Владимир Крстевски- Франц кој скоро четири години живее во најпознатиот и најлуд град на светот.
Град на небесни и паднати ангели
Од жагорот на улица повеке се слуша англиски со странски акцент отколку чисто американски- англиски дијалект. Секој се чуствува како дома во Лос Анџелес и никој не се чувствува како странец поради тоа што 80 проценти од жителите се дојдени од некаде, дали од другите краишта на Америка или од другите краишта на светот. Па и самиот Шварценегер кој беше и гувернер на градот има тежок австриски акцент. Би рекол дека доминира највекје еспано културата и дека цела Калифорнија е двојазнична. Насекаде сите табли и ознаки се на англиски и шпански. „Вива ла Фиеста“ што би се рекло. Кога би имал само еден збор да го опишам градот би го опишал со зборот “Појачало”. Ке „појача“ во тебе се што имаш внатре, така да претпазливо со тој град. Ако си по блудот и развратот тука на тоа нема крај и може многу лесно да отиде возот вон шините. Ако си од друга страна по духовоноста и тој аспект ке се појача во овој навидум само материјален и блуден град. Затоа и се вика градот на ангелите од кои имаме небесни и паднати ангели. Но пред се е градот на уметниците, скоро секој овде се занимава со некоја гранка од уметноста а највеке со филмот, нели кој обединува најмногу различни видови на уметничко изразување. Се е во таа насока, од самата инфраструктура на градот и од неговите закони прилагодени на филмската индустрија од која најмногу заработува и поради која најмногу туристи доаѓаат во посета. На пример сите дискотеки затвораат во два наутро што изгледа чудно за ваков град, но уметниците мораат да станат порано утре дента за да работат, и тие, нели.
На две минути до Холивуд
Живеам на две минути од киното „Долби Театар“ каде се одржуваат оскарите, на Холивуд булевар, каде се ѕвездите на под и секојдневно ги гледам туристите со главите доле, барајќи ги своите звезди, како се удираат едните во другите. Најинтересни ми се азиатите секогаш групирани по 30 души и стварно тоа изгледа како “Азиан инвазион”. За време на оскарите се затвара цело маало цела недела, па до 10 дена. Тоа му доаѓа како во Скопје за некоја манифестација да се затвори и блокира главната улица во центар од Јосип Броз до Зелено пазарче, цела недела. Тоа кај нас е невозможно овде е секојдневие. Кога малите богови се журкаат цел град ( во случајов Холивуд) е во друга формација. На булеварот има контроли. Ако сакаш да поминеш пешки ке имаш чувство дека си на аеродром уште виза да ти бараат. Секој ден хеликоптери ти летаат над глава, бркаат некои криминалци и толку тоа ти станува секојдневие што мислам дека ако почне трета светска војна нема да почувствувам од околината, сигурно од Фејсбук ке дознаам. Секојдневно полицајци апсат некого на улица, на почеток ми беше и потресително ама со тек на време човек на се се навинкува. Во Холивуд особено, е поприлично лудо. Травестити на секој чекор и бездомници спијат покрај некое ферари на улица. Од просјак до крал на секој чекор и да не ги заборавиме главните суперхерои на денешницата, Супермен и Спајдермен кои се сликаат со туристите за по некој долар.
Големи социјални разлики
Е се нема време за лагана кафица со пријателот, кафичите се тотално друг концепт , зимаш кафе за носењ и одиш по пат и си го пиеш. Култруните разлики се огромни, кога ке ги споредиш со македонските навики. Никој нема време за тебе освен ако не си некоја манга тогаш си пали гаси, тажно и смешно во исто време, таленти на секој чекор но секој си го гледа својот газ и руши се пред себе бидејки главната цел е да успееш. Сите звезди се тука, веднаш покрај тебе а толку се далеку во исто време. Сјаат и недопирливи во своите светови на илузии. Оргромните социалјни разлики предизвикуваат големи фрустрации кај обичниот човек што ако си материјален без духовна конотација во својот личен систем ке те забегаат максимално. Верувам дека и затоа е криминалот поприлично е развиен во оваа земја. Во Македонија главниот муабет е се нема пари а овде парите се насекаде само како да стигнеш до нив. Секој што работи нормална дневна работа е некаков уметник што иде по аудиции или твори со цел да успее. И кога ке успее е тоа е веќе друга приказна. Појачалото од 100 вати станува 1000 вати па многу брзо може и да прегори со нестабилна струја. Товарот на славата и мокта е огромна во Америка. Сведоци сме на тие успони и падови на големите америкаснки имиња од кои многу и самите си го скратуваат животот. Последната тажна вест со познатиот кувар Ентони Борден, ја потресе Америка а верувам и светот. Дали за него е тоа вистината е под знак прашање. Но товарот е голем како и да е.
Зима, како пролет во Македонија
Мене лично ме бендисува највеќе климата и прв пат во својот живот повеќе сакам зима отколку лето. Овде зимата е како пролет во Македонија. Септември е понезгоден со високите температури и кој ќе преживее ќе каже. Многу мал круг на луѓе имам и тоа ме радува. Имам време за себе, за својата сопруга, и својата музика. Влезе во мене филмскиот дух на градот па се занимавам најмногу со филмска музика… Компонирам музика за синфониски оркестар и тоа ми е сега најголемиот предизвик. Одам по музички конференции и во блиска идинина се надевам на интересна соработка. Работев на неколку видео проекти , имам најава за некои тв проекти па здравје Боже и некој филм ке падне.
Храна- да тагуваш по наш домат
Да не беше мексиканската храна овде ке беше кулинарна катастрофа. Во тој поглед Македонија е веле сила. Не зборувам за скапите ресторани каде идат Спилберг и компанија туку за секојдневите нормални прехрандбени пунктови за луѓе со нормални можности.Овде ретко готват а тоа е некако голем баук па сите јадат надвор. Ама квалитетот не е за пофалба. Овде во Калифорнија и пазат на исхрана , има многу веган и вегетаријански ресторани но џабе е кога основната состојка не е во полн сјај… Во Македонија домат само да ти дадат и ке го вкусиш вкусот на рајот. Во тој поглед оваа земја е антиталент. Ссамо помисли дека бургерот и хотдогот ти се најголемите ремек дела се ти станува јасно. Долги години сум вегетаријанец па мене и тој бургер баш и не ми значи ништо. Има вегетаријански плескавици па во нив наоѓам некаква утеха за вкусот на Македонија.
Запуштени плажи
Плажите во Малибу , Венице и Санта Моника знаат да бидат импозанти, но тие се запуштени за сурфери и не се како нашите ривиери, како и тие на јужниот сосед. Има овде- онде по некој ресторан, но концептот плажа е сосема поинаков. Океанот е голем и ладен па се користи претежно за спортски аквтиности. Ние тука веднаш би влегле со милион кафулиња, лежалки, хотели и ресторани.
Дефинитивно се тука луѓето по осамени па затоа успеваат религиозни концепти, цркви на секој чекор, сите можни деноминации на христијански варијаци се општо прифатени. Ако си црква не плакаш данок па удри брига на веселба. И саинтолозите се прекрстија во црква. Овде во моето маало имам повеќе религиозни објекти отколку згради. Барем тука урбана мафија не можела да гради во висина а и не морала бидејки простор има колку сакаш. Општо познато е дека се е големо во Америка, од улици до коли до порциите за јадење.
Лудата енергија ги мами сите
Мислам дека енергија на градот е таа што ги плени сите и поради која цел свет сака да дојде тука. Има нешто што не ти дава да чмаеш и те тера да одиш напред без разлика на било што. И да не ти е денот нешто ке се случи и ке те понесе повторно во„ бубањот“. На времето до пред 5- 6 години овде беше главен рокенролот и ечеше буквално од секаде, сега приматот го превзема рапот и хип- хопот, така да кој тоа го сака нека дојде овде. Се е веќе во таа конотација. Риана и Кардашијан се главните фаци и што и да направат тие, сите по нив. На моменти е толку смешно што си викаш дека живееш во некоја пародија или некоја неомонтипајтонска димензија, каде што главните вредности се отидени со виорот а тоа што на времето се сметало за проституција сега е најголем тренд. Кој знае што не чека понатаму. Нема веќе потреба да се пее- стриптизетите ја освоија поп естрадата. Сврти страна и викај ура.
(Весна Миленковска)