Слоевита облека, имитација на овча кожа и ќебиња, тренд за престојната зима
За оваа зима можеме да бидеме сигурни дека дизајнерите мислелеле како да нè заштитат од студ. Колку повеќе облека имате на себе, толку подобро. Дозволено е играње со материјали, бои и принтови, а најстариот тренд е комбинацијата на – јакна и палто, елек и јакна и што повеќе слоевитост.
Избраното здолниште е од вашата летна гардероба, но и куси панталончиња, што можете да ги носите во оваа модна сезона. Ако не сте толку храбри, тогаш изберете класичен модел со должина до листови во материјали и бои за есен. Не заборавајте на плисирано. И, задолжително имајте длабоки шлицови.
Модерната супер жена веќе има своја наметка, буквално. Во потрага на топлина и удобност во студените денови, дизајнерите ни подаруваат – елегантни наметки, пончо, дебели и широки марами со кои можеме да се завиткаме како во ќебе.
Се носат и широки панталони и тесни панталони, проѕирни ткаенини, џемпери и плетени блузи. Плетените работи во силни бои, со имитација на овча кожа се водечки тренд.
Извор- розали.бг