Сузе во ново жешко издание: Жената треба да е убава и секси
Фолк пејачката Сузана Гавазова во ново секси издание. Направи фотосесија во долна облека и уште еднаш го покажа својот сексапил.
-Сексапилот една жена или го има или го нема. Сексапилот за жената е важен исто колку и убавината. Сметам дека тие двете одат заедно и убаво е кога жената ги има и двете. Иако сум видела и жени кои се убави, но не се секси. За мене нај секси жена е Моника Белучи. Значи ако жената е негувана , го негува тоа што го носи во себе, ни годините не и можат ништо. Моника се сликаше на 55 години во долна облека со млади манекенки од по 20 години. Но, мене Моника ми беше нај секси од сите млади манекенки што беа на сликата покрај неа.Имам време до 55, сакам и јас да се сликам во долна облека на тие години. И ќе е трудам да останам таква, вели Сузе, kоја годинава ќе наполни 39 години.
Фото: Зоран Поповски Аварел