Зелник, пита, комат
Гибаница
Потребно е: 500 г кори, 5 јајца, 200 г сирење,100 г зејтин, 300 мл кисела вода.
Измешајте ги сите состојки, а тавчето намачкајте го со масло и ставете една кора. Потоа, сите други кори, освен последната, стуткајте ги, потопувајте ги во филот и редете ги во тавче.
Гибаницата е готова за половина час.
Пита со три фила
Потребно е: 500 г готови кори за пита
Прв фил:
3 јајца, 1 филџан јогурт, масло за јадење, газирана вода, палента,
1 прашок за печиво,1 лажичка сол
Втор фил:
200 г сирење
200 г обарен, сечкан спанаќ
Трет фил:
200 г сечкана салама по избор
200 г кашкавал
200 г сечкани печурки
2-3 лажици кисела павлака
Секој фил направете го посебно и почнете да ги редите корите на следниот начин.
Првата кора попрскајте ја со 1-2 лажици од првиот фил. Врз неа ставете втора кора, попрскајте ја со вториот фил. Потоа направете и трета кора и сите свиткајте ги во ролат. Постапката треба да ја повторите неколку пати.
Откако ќе ги потрошите корите, одозгора полијте ги со кисела вода и масло.
Колпита
Потребно е: 1 кг готови кори, 250 мл јогурт, 1 филџан масло за јадење
еден и пол филџан брашно, 1 печиво и 500 г урда.
Се матат сите состојки за да се добие хомогена смеса. Корите се премачкуваат со смесата и врз секоја трета кора се става урда и се витка во ролничка и се реди во тепсијата во кругови. Од како ќе се потрошат сите кори, колпитата се премачкува со јајце изматено со малку масло за јадење Питата се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. На крај се попрскува со малку млака вода и се покрива со крпа за да омекне и да се излади.
Пита од тиква
Потребно е: 500 г кори, 1 кг тиква, 1 лажичка цимет, 2 ванили, 100 мл зејтин ,1 чаша млеко, 200 г шеќер, 150 г сечкани ореви и 50 г маргарин.
Тиквата се ренда, а оревите се ставаат во тава и се пржат во една лажица маргарин. Потоа, тиквата се динста 15 минути, се налева со млекото, се става и шеќерот, ванилата и циметот и се пропржува додека испари течноста. Потоа се филуваат корите.
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се става втората кора и со лажица се нанесува филот. Се витка ролат и се реди во подмачкана тава, која откако ќе се наполни, се прска со зејтин и се пече.
Пита од компир со спанаќ
Состојки: 500 г спанаќ, 500 г компир, 1 главица лук, 1 лажичка брашно, 1 дл млеко, 1 јајце, 2 лажици масло и сол.
Спанаќот, исчистен и измиен, исечкајте го на поголеми парчиња и пропржете го со сечканиот лук, лажичка брашно и млеко и, кога ќе омекне, посолете го и тргнете го настрана. Во меѓувреме, од варениот испасиран компир подгответе тесто за топчиња. Тестото тенко развијте го и покријте го со спанаќот. Свиткајте го во пита и ставете го на подмачкана тава, питата премачкајте ја со путер или со маргарин и печете ја на умерена температура додека не добие убава златна боја.
фото – pexels, приватна колекција
Коментарите се затворени