Француската жена: Не трча по младост a повозрасните жени се авторитет за убавина
Правило 1: Купуваат малку, но квалитетно
За Француските жени , парите и времето кои се вложени во нивната гардероба преставуваат мудра и долгорочна инвестиција. Ваквиот тип на жена ќе се радува кога ќе одлучи да купи скап комплет, во замена за пет ефтини.
Правило 2: Облекувањето е секогаш осмислено
Секогаш имајте на ум дека жената со стил држи до себе и до мислењето на другите, како и кон оние со кои во денот планира да се сретне. Да се разбудите, едвај да ја средите косата и да го облечете првото нешто што ќе ви дојде при рака е речиси недозволиво.
Правило 3: Секојдневни корекции
Морате да вршите секојдневни корекции. Ако се погледнете во огледало и не се чуствувате најдобро, облечете се во она парче во кое ќе се чуствувате удобно. Француската жена се облекува за да ги заведе и мажите и жените. Тоа и делува потсвесно и многу дискретно.
Правило 4: Повозрасни жени, авторитет за убавина
Се прашувате како Французинка научила да користи козметика, да купува скапи чевли, да одбере совршен накит за било која прилика, со еден збор, како да стане вистинска дама? Одговорот верувајте секогаш е ист и потекнува од нејзината баба, мајка или тетка. Во Франција постарите жени се сметаат за авторитет на полето на убавината.
Правило 5: Француските жени стареат со стил
Нивниот изглед за разлика од лудиот Холивуд, не ја брка изгубената младост, туку едноставно ги почитуваат годините и сакаат да изгледаат добро.
Правило 6: Не откривајте ништо
Мистериозноста е најинтересна….најважно е она што не може да се види. Енигма е вистинскиот збор за Французите, бидејќи во никој случај нема да ви ја раскажат нивната животна приказна, веднаш на почетокот. А, ако ве прашаат каде сте го купиле својот накит или убавите чевли, можете да сугерирате, но не откривајте до крај.
Правило 7: Уживајте во храната
Уживајте во храната, но не претерувајте – е мотото на секоја софистицирана жена. Француската жена не е на диета, ниту постојано вежба. Но нејзиниот животен стил не дозволува излежување пред телевизорот и голтање на чипс или колачи. За неа важи нешто сосема спротивно, движење наместо трчање и дискутирање наместо гледање телевизија.
Коментарите се затворени