Што не смеете за појадок?
Знаеме : појадокот е многу важен оброк и треба да е нутриционистички богат и силен. Но, силната не е исто што и нездравата храна, затоа во продолжение ви нудиме листа на работи што не смеат да се најдат во вашата чинија наутро.
ГОТОВИ СЕНДВИЧИ ЗА ПОДГРЕВАЊЕ
На пазарот постојат и здрави верзии на овој оброк, но се` почесто се сретнуваме со производи кои се полни со адитиви и натриум, а кога ќе се земе предвид колку негативно можат да влијаат овие состојки врз организмот, времето потрошено за правење сопствен сендвич за појадок, звучи како одлична инвестиција.
СЛАНИНА, ШУНКА И КОЛБАС
Јадењето на преработено месо е поврзано со зголемување на ризикот од рак на дебелото црево. Објавена е листа на работи кои се поврзани со зголемен ризик од рак и кои треба да се одбегнуваат, а нитратите од преработеното месо се наоѓаат во врвот на таа листа. Затоа е време да го исфрлите од исхраната ваквото месо, не само од појадокот, туку и од другите оброци.
КРОФНИ И СЛАТКИ ПЕЧИВА
Јасно е дека овие продукти содржат огромни количини шеќер, кои никако не можат да се сметаат за здрави. Шеќерот е најлош начин да ги наполните резервоарите на организмот наутро, затоа што го зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова значи дека по ваков оброк, брзо ќе огладните, но и дека се ставате себеси под поголем ризик од дебелеење и дијабетес.
ПАЛАЧИНКИ СО ПРЕЛИВИ
Природните овошни и билни сирупи, како што е јаворовиот сируп, може да бидат многу здрави засладувачи, но проблемот е во тоа што на пазарот постојат премногу вештачки сирупи со сличен мирис и вкус, кои се потполно нездрави. Во овие производи има најмногу гликоза, која доведува до тоа да се создаде прекумерна количина маст помеѓу органите. Освен дебелеењето, оваа маст е многу опасна затоа што може да доведе до создавање рак.
ДИЕТАЛЕН ЈОГУРТ
Овие производи го освојуваат пазарот само затоа што имаат околу 100 калории и можат да се најдат во најразлични вкусови, но и тие се полни со вештачки засладувачи кои се штетни за организмот. Секогаш е подобро да изберете обичен јогурт со помал процент на маснотии.
МАФИНИ ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО
Многу е згодно наутро да купите примамливи, шарени мафини. Но, сетете се дека во нив е содржано сето она што наутро никако не ви треба: бело брашно, путер и шеќер. Ако за појадок баш сакате мафин, тогаш држете се до помали мафини, сосема се доволни оние со големина на поголемо јајце.
Коментарите се затворени