Дизајнерот Небојша Толески го отвори атељето со луксузната колекција „Зрно“
Со новата колекција „Зрно“, дизајнерот и моден новинар Небојша Толески деновиве го отвори своето ателје „Толески“. По подолга пауза, тој се враќа на модната сцена со луксузна колекција во која доминатно место има рачниот вез. Колекцијата е инспирирана од мало зрно кристал кој го нашол на патување во Италија. Неговата прозрачност и прекршување на светлината го поттикнале Толески да создаде низа од зрна кристали и да ги вметне во уникатни рачни везови.
Според него, тие рефлекираат светлина која кај секој посебно уникатно светка и преку облеката, дамите ги прави дополнително автентични. Се забележуваат смирени кроеви, строгите линии и комфорност на парчињата кои така вешто се усогласени што можат да се носат и на свечен настан но и за во град. Спојот на урбаното и етното и етно мотивите е постигнат со суптилни пругасти дезени во одредени делови, надополнети со безброј кристали во разлини форми. Забележливо е присувството на памукот, свилата, свилениот сатен и жоржетот. Неговата нова колекција е екстравагантна и на моменти смирена, но многу разиграна, славејќи го питомиот гламур.
„Колекцијата е наменета за дами со екстравагантен поглед и визија за убавото. Годините не се битни. Впрчем и мотото на ателје „Толески„ е токму тоа – парче нова модна визија. Но мојата визија немаше да биде потполна ако фтографот Дарио Јанковиќ не ја доловеше суштината, манекенките Ирена Трпеска и Љубица Радович, мејк ап артистката Марија Топалова и „Шевро“.- вели Небојша.
Во своето ателје ќе изработува претежно уникатна облека, но и облека со по суптилен и поедноставен израз. Во скороа иднина најавува многу модни проекти, нова колекција и ревија.