„Ех, да бевме“ песна во изведба на Боби и Мана (Роберто Поп Димитров- воедно автор на музиката и аранжманот, и Виктор Манев) по текстот на Огнен Неделковски, е куриозитет на нашата естрада. Или, во превод : кога рокерите флертуваат со фолкот, резултатот „се пика под кожа“ .
Токму овој микс помеѓу рокот и фолкот, неколку гитарски сола, ја одвојуваат песната од предвидливите теми. Особено што зборовите на „Ех, да бевме“, носат приказна што се препознава и на глобално ниво. „И ова вино горчи штом видам слични очи, молчи…“ Метафори, носталгија и тага меѓу редови, како да си ја одредија таргет групата на слушатели.
Се препознаваат сите што пиеле од тоа горчливото вино.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени