Жанина Петрова – Грајиќ, офталмолог : ВИЗИА, иновација и традиција што трае 19 години
Велат, очите се најмоќното оружје, извор на емоции. Некои мислат дека се и огледало на душата… И кога е нешто толку важно, убаво и драгоцено, треба и да се чува. За таа цел постои „ВИЗИА“, Центар за очи што се грижи за чист и здрав поглед, за очите да не служат подолго и веќе 19 години се дел од нашето секојдневие. Жанина Петрова – Грајиќ, офталмолог и косопственик на „ВИЗИА“ во ова интервју зборува за историските почетоци на офталмологија кај нас, направени токму во и со овој очен центар, за пациентите и постојаната мотивација.
Среќен роденден „ВИЗИА“, денес полните 19 години. Што тоа во превод значи, можеби низ бројки? И, како „ВИЗИА“ се носи со предизвиците на новото време?
– Да, „ВИЗИА“ се роди на 24 февруари 2002, точно пред 19 години. Тоа во превод значи, години на посветена работа со пациентите, години на развивање и унапредување на оперативните техники како и дијагностичките процедури, се со цел да се дојде до најдоброто решение за секој пациент кој побарал помош кај нас. „ВИЗИА“ со самото свое постоење значи- ВИЗИА и чекорење напред и покрај сите предизвици што ги носи времето, но секогаш со иста цел – пронаоѓање најдобро решение за секој проблем поврзан со очите кај нашите пациенти.
Во време во кое живееме сведоци сме на постојан напредок на технологијата и нејзиното инволвирање во секојдневието што со себе повлекува проблеми со очите кои се поактуелни од било кога и заради кои секојдневно доаѓаат пациенти кои бараат помош заради болки во очите, чувство на пецкање и суви очи, замаглен вид… се трудиме секогаш да дојдеме до оптимално решение за секој пациент посебно.
Постоиме за пациентите!
„ВИЗИА“ е пионер, првата приватна хируршка очна клиника кај нас што успеа да ги смени стандардите на очната хирургија во Македонија. Се сеќавате ли на првите чекори и предизвици и пред се, на пациентите кои сите овие години ви останаа верни?
– Се сеќаваме на секој поминат момент и ден од самото раѓање на „ВИЗИА“. Точно, „ВИЗИА“ е посебна и поразлична од сите други офталмолошки центри во државата по тоа што беше ПРВИОТ ОФТАЛМОЛОШКИ ЦЕНТАР во Македонија во кој почнаа да се изведуваат хируршки операции на окото во приватен сектор. Воедно, со отварањето на „ВИЗИА“ во далечната 2002 година, ја ставивме Македонија на листата на држави во кои се изведува – Ласик методата за отстранување на диоптрии, како и фако методата, како најсовремен начин на операции на катаракта. Горди сме на овој епитет! Меѓутоа, кога си во нешто прв и револуционерен, неминовно повлекува и различни реакции од околината, пред се од колегите офталмолози.
Меѓутоа, нашата визија ни даваше сила да опстоиме на сите перипетии низ кои мораше да се помине и издржи. Нашите пациенти, доследни на нас и нашата ВИЗИА беа и секогаш ќе бидат наша најголема мотивација. Имаме верни пациенти кои и покрај отварањето на нови офталмолошки центри низ годините, останаа лојални, и се радуваме што ги има во доста голем број.
Успеавте во воведувањето на нови техники и операции, почнавте да пишувате историја, со дотогаш сосема непознати методи – ласерска корекција на диоптрија (ЛАСИК) – повторно куриозитет, за прв пат во Македонија. Со „ВИЗИА“ се стигна до подобар поглед.
– Да, „ВИЗИА“ отвори ново поглавје во офталмологијата во Македонија. А тоа е рефрактивната хирургија како и популарно наречената „ласерска“ операција на катаракта. Доста вложувавме во нашата едукација, постојана комуникација и работа со наши колеги од странство, врвни хирурзи во оваа област.
Посебна и континуирана е соработката на „ВИЗИА“ со врвни очни хирурзи од Париз, Франција. За возврат на нашиот труд и работа добиваме многу презадоволни пациенти кои се всушност нашата најголема реклама.
Целата ваша опрема е комплетно компјутеризирана а пријатниот ентериер и љубезноста на персоналот допринесуваат пациентите да се чувствуваат убаво. Кои се најчестите проблеми кои ги имаат вашите пациенти?
– „ВИЗИА“ беше замислена како центар во кој секој пациент ќе се чувствува пријатно без чувство на трема, посебно кога се подготвува за оперативен зафат. Амбиентот е релаксирачки и пријатен, а љубезниот персонал се вклопува во целиот тој склоп на пријатна атмосвера.
Можеме слободно да кажеме дека голем дел од персоналот е дел од „ВИЗИА“ од првиот ден. Сите растеа и се усовршуваа низ годините заедно со развојот на „ВИЗИА“. Тоа придонесе секој од вработените да ја чувствува „ВИЗИА“ како дел од себе и својот живот заради што и пациентите се чувствуваат спокојни во нашите раце.
Освен секојдневната проблематика поврзана со одредување диоптрии и инфекции на очите, пациентите доаѓаат со покачен очен притисок, со катаракти, дијабетичари, како и макуларни дегенерации. Секој од нив успешно го решаваме и следиме.
Бидејќи сте „ВИЗИА“ – која е вашата визија за иднина?
– Континуирано сме во потрага по млади офталмолози кои ќе ја продолжат визијата која ја започнавме јас и брат ми во 2002 година. Отворени сме за примање на нови кадри во кои ќе вложуваме а кои ќе ја продолжат нашата мисија – што поголем број на задоволни пациенти. Еве испраќаме и преку вашиот портал апел до секој млад офталмолог да дојде во „ВИЗИА“ и да се приклучи на нашиот тим. Постоиме и ќе постоиме со истата ВИЗИА: одиме напред!
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени