Како да се ослободите од подочниците?
Подочниците, освен што се можен знак на хронична болест, се последица на разни фактори, дехидрација, алергии, недостаток на витамини и минерали, нетолеранција на глутен, атописки дерматитис, стрес, пушење, алкохол…
За да се ослободите од нив, прво треба да е обратите на лекар и да ги отфрлите причините од медицинска природа. Откако ќе го решите тоа, почнете со доволно внесување вода, зашто токму дехидрацијата е еден од најчестите причини за појава на подочници, а газираните пијалаци и сокови во овој случај не помагаат, единствено – вода.
Треба ли воопшто да се каже дека сонот е битен и дека треба да го имате доволно? Освен што добивате подочници од недостаток на сон, стигнуваат и килограмите, дополнителниот стрес и сите други негативни последици на недоволно спиење. Затоа, свртете нова страница, приспособете ги обврските и спијте здраво, осум часа дневно.
Витамини што ви се потребни се Б-12, чиј недостаток директно влијае на формирање темни подочници, а по нив доаѓа и анемијата. Покрај Б-12, важни се и Б-6 и К, па почнете да земате некој комплекс на витамини што ги содржи претходно наведените или внесувајте храна која е богата со тие витамини.
За крај, може да помогнат и кремови што обезбедуваат хранливи состојки за кожата, зголемување на циркулацијата и намалување на стресот.
Фото-Pexels
Коментарите се затворени