Антистрес совети: Не сте совршени, па што
„Таа се буди доцна наутро и мора набрзина да се облече за да стигне на работа. Трча низ кујна и во брзањето ја истура шолјата кафе кое се растекува по нејзиното здолниште. Се враќа да се пресоблече. Тогаш на вратата и текнува дека ја сменила чантата и дека и го нема новчаникот. Се враќа и го зема, па повторна трча надвор. Пред влезот од зградата не може да ги најде клучевите од автомобилот… “
Сликата на еден ваков почеток на денот за многумина сигурно звучи познато. Ако зборовите „во гужва сум“, „доцнам“ и „под страшен стрес сум“ ги изговарате барем еднаш дневно, начинот на дишењето нема да ви помогне. Време е за неколку промени во начинот на размислување и примена на следните совети…
- Посветете се на една работа
Ајде, едно по едно и посветете се на задачата која ја работите. Задлабочете се во неа, ќе почувствувате како ве напушта потребата да протрчате низ неа и да се фрлите на следната задача. Листата на обврски и онака никогаш нема крај. Станете едно со својата задача, нека таа биде во моментот целиот ваш Универзум.
- Ослободете се од идеализирање
Стресот на создавање надворешни фактори, работа или семејни проблеми, тоа се само делови од нашиот живот. Стравот произведува стрес. Стравот од неуспех, стравот дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, стравот дека некој ќе не остави… Коренот на стравовите лежи во идеалот кој самите го креираме, а потоа се плашиме дека нема да го достигнеме. Во главата ја гледаме сопствената слика на успешна и совршена личност, опкружена со слични луѓе, кои постојано уживаат. Кога ќе сфатиме дека тоа е невозможно, повредени сме. Ни останува стресот кој настанал уште додека сме се плашеле дали ќе го достигнеме идеалот на успех. Наместо да си нанесуваме болка, да ја прифатиме неизвесноста и да веруваме дека се ќе биде добро. Помалку ќе се плашиме, а и стресот значително ќе го намалиме.
- Прифатете ги другите со насмевка
Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат онака како што ние мислиме дека би требало. Наместо на тоа да гледаме вознемирувачки, да се обидеме да ги прифатиме другите. Ако ги прифатиме онакви какви што се, во нив ќе препознаеме дел од себе, несовршени, во потрага по среќата, во борба за среќата, се однесуваат онака како што мислат дека треба, прават најдобро што знаат, се исто како и ние. Затоа прифатете ги од срце, уживајте во времето поминато со нив и ќе бидете посреќни и помалку под стрес.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени