Пробајте нешто поинакво: Пролетна сарма
Потребно е: 600 г свинско месо, 1 поголема главица зелка, 300 г маст, павлака, 3 главици кромид, лук, 100 г ориз, црвен пипер, сол и црн пипер.
Зелката се вари a месото се сечка ситно и се пропржува на кромид. Се додава ориз, лук, сите останати мирудии и павлака. Процедурата понатаму е едноставана- се зема лажицa фил, се витка сарма и се реди во огноотпорен сад премачкан со маст. Помеѓу сармите се става понекое гранче мајчина душичка.
Се става малку вода и се запекува околу 40 минути.
Фото-Pexaby
Коментарите се затворени