Бившата амбасадорка на Франција, Лоренс Оер, за црвениот килим на Канскиот фестивал носеше креација од нашата Лидија Георгиева.
Всушност, автентичниот, фустан со име и презиме е дел од ревијата која се случи во ноември, со која нашата модна дизајнерка прослави 20 години од брендот LG .
– Минатата година Лоренс дојде специјално за прославата и се врати во Париз со фустанот, вели Лидија.
– Дизајнот има комплицирана конструкција на која работев доста време, размислував и се навраќав, оставав време, формата да ме води низ процесот. Беше навистина емотивен и технички предизвик, со доста детали и рачна изработка. Фустанот е изработен од деликатно ткаена тенка волна, во прскано сив тон.
Драго ми е што емоцијата успеа веднаш да допре до публиката. Можеби ќе ве интересира фактот што самиот материјал неколку месеци го возев во мојот автомобил, колекцијата се вика „Милион миљи време“, и сите дизајни имаат патувачка приказна…“
В.Тодоровска
Фото-Bertrand Soubrier
Коментарите се затворени