Како се „лути“ Зодијакот: Бегајте од Јарци- прават сцени и полудуваат
Овен
Овните се нарекуват бебиња помеѓу хороскопски знаци, бидејќи експресно се лутат и се гневни. Исто како малите деца- нивните гневни испади се вообичаена работа по цели денови. Од друга страна, она што навистина е големо разочарување за Овен е некој да се однесува авторитативно со него. Неорганизирани работи и монотонија исто така ги вадат од колосек.
Бик
Не е лесно да го налутиш, но ако се случи, подобро бегај што подалеку. Претставниците на овој знак полудуваат кога некој ќе се обиде да ги турне од врвот. Иритиран е и кога ќе наиде на здодевни соговорници. Не му се допаѓа мрзеливост и прекумерна суета а за да го смирите- нахранете го!
Близнаци
Да, трпеливи се, што им дава предност меѓу останатите хороскопски знаци, но работите што ги полудуваат се непочитување и „осмелување“ да се дискутира за нивните недостатоци. Бидејќи се суетни, често мислат дека светот постои поради нив, немаат особена емпатија и се поприлично екстравертни.
Рак
Раковите се емотивно- непредвидливи, но кога се лути, подобро е „виновникот“ да не е во близина. Избувнувањето често завршува со солзи, бидејќи Раковите се преемотивни, се каат, трепкаат и имааат грижа на совест. Меѓу работите кои ги полудуваат е притисок да побрзаат а мразат и кога некој им вели да се смират.
Лав
Претставниците на овој хороскопски знак се премногу горди и да, имаат лавовско однесување. Тоа значи, се разочаруваат кога се зависни од нешто или од некого. Ги лути алчноста и љубомората а кога се лути- игнорираат,театрално одбегнуваат муабети. Да, можат да омекнат : со некој комплимент а уште подобро- со подарок.
Девица
Девици се трпеливи и умеат да се контролираат, но често остануваат неразбрани бидејќи се перфекционисти и сонуваат совршенство. Токму затоа се разочаруваат од тривијалности. Исто како Раковите и тие не сакаат кога некој да ги притиска со време, обврски и слично.
Терезија
Обично претставниците на овој знак ја имаат улогата на медијатори, но ако некој им попречи да живеат како што сакаат, тоа им е големо разочарување. Меркааат, оценуваат, се мислат, оставете ги да дојдат на своето…Кога ќе се налутат, не знаат за компромиси.
Скорпија
Скорпиите се тајно гневни и секогаш бараат одмазда. Сериозни се, трпеливи и не ги разбираат оние што летаат во облаци. Тоа не значи дека се без фантазија, но изразена им е таа чудна нота на практичност. И уште нешто- преценета е особината „враќање мило за драго“.Најчесто се поопуштени.
Стрелец
Претставниците на овој знак се трпеливи и секогаш ја бараат добрата страна кај луѓето. Но, одвреме навреме „полудуваат“. На пример, мразат кога некој им дава совети, а во исто време сакаат да им продаваат памет на другите. Инаку, ќе поќутат, и ќе им помине, ете така се лутат Стрелците.
Јарец
Обично Јарците се расеани и гневни поради работата а секогаш мислат за нешто друго. Многу се непријатни кога се лути- прават сцени независно од времето и местото. Меѓу работите кои ги полудуваат, се претераната самоувереност и кога некој ќе се осмели да посегне на нивната слобода. Самоувереноста е само за нив, бидејќи се самобендисани до небо.
Водолија
Тие им пркосат на емоциите. Лути се и кога се плеткаат во раноразни „каши“ и не знаат како да излезат од нив. Се нервираат кога некој им ги ограничува активностите или им обрнува внимание на недостатоците. Често мислат дека постои заговор против нив, затоа, не обидувајте се да ги разберете.
Риби
Рибите се чувствителни и внимателни. Но слично на овни, лесно се навредуваат, но не се така експлозивни, се лутат- во себе. Алергични се на лаги и неблагодарност а најмногу од се им пука филмот кога ќе се почувствуваат искористено. Нивното лутење е како летен дожд, бргу доаѓа и бргу си заминува.
Фото- Pixaby
Коментарите се затворени