Македонската Радио Телевизија како активна членка на Европската радиодифузна унија и годинава ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија.
Во таа насока Првиот програмски сервис на МРТ организираше затворена дебата на 28.11.2019 на којашто беа поканети и учествуваа автори (композитори, текстописци, аранжери), новинари кои ја следат евровизиската сцена и претставници на ОГАЕ (евровизиски фан клуб на Македонија), при што беа изнесени слични ставови со мислењата на уредниците од Програмскиот колегиум на МТВ1, оваа година да се прифати минатогодишниот модел на изведувач(и) – автор(и).
Државниот сервис донесе одлука која гласи:
„Васил Гарванлиев, со авторски тим составен од етаблирани музички имиња, кои имаат остварено успешни музички проекти, ќе ја претставува Северна Македонија на Евросонг 2020.“
Македонската Радио Телевизија ги поканува авторите да ги достават своите сериозни и креативни музички предлози на нејзина адреса до крајот на месец јануари 2020-та година.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени