Палачинки од малини
Потребно е: 1 цела и 1/4 чаша брашно, 2 лажици шеќер, 2 лажички прашок за печиво, половина лажичка цимет, мелен ѓумбир и сол, малку ореви, малку каранфилче, 1,5 шолји млеко, 6 лажици пире од малини (кои претходно сте ги вареле на пареа), 2 лажици стопен путер, 1 јајце.
Загрејте го тавчето на средна температура. Оставете го путерот да се растопи. Во посебен сад соединете го брашното, печивото, шеќерот и мирудиите. Во друга чинија измешајте го млекото, пирето од малини, стопениот путер и јајцето, а потоа додадете го и брашното кое претходно сте го измешале со сувите состојки. Во загреано тавче испечете ги палачинките.
Послужете со слатко или џем од малини.
Коментарите се затворени