Храна за „оние“ денови
Во деновите на ПМС жените се – како во друга дименизија. Тажни, весели, насмеани и плачливи- раздразливост, меланхолја, знаеме сите со што се соочуваме секој месец.
Освен интензивните промени на расположението, жените ги мачи и желбата за храна. Слатко, солено или кисело? Зависи од моментот. Затоа, во текот на ПМС често се зголемува апетитот што потоа тешко се контролира. Ајде да видиме што е најдобро да јадете во „овие“ денови- пријдете му на предменструалниот синдром со паметен избор на намирници, кои сигурно ќе ги олеснат симптомите.
Ореви, семки, спанаќ, житарки
Во текот на ПМС жените се прилично емотивни и затоа многу често го менуваат расположението. Со цел да ги смирите нервите, изберете храна која ќе ве опушти. Тоа се оревидни плодови богати со магнезиум и омега-3 масни киселини кои ќе ви го овозможат потребното расположение. Па така, наоружете се со спанаќ, житарки, ореви и останати оревидни плодови – тоа ќе ви бидат најдобрите пријатели во текот на ПМС.
Овошје и зеленчук
Во деновите на ПМС, за да се заштити од стресните хормони, организмот од вас бара внесување големи количини здрава храна. Затоа, внесувајте што повеќе овошје и зеленчук, а посебно се препорачуваат плодови што изобилуваат со вода. Иако телото во тие денови е исполнето со течности, екстра внесените работи целосно ќе го прочистат организмот.
Конкретна храна за еден оброк
За да не се мачите, немојте да си кратите од конкретната омилена храна. Не морате да претерувате, но за еден дневен оброк, можете да си дозволите храна во која навистина ќе уживате. Тоа може да биде риба, сирење, квалитетно вино или телешко со вкусна салата. Изборот е ваш, но затоа бидете умерени.
Храна богата со растителни влакна
Еден од најнезгодните несакани ефекти во текот на ПМС е опстипацијата, односно тврдата столица. Ова предизвикува отоци и може да биде прилично болно. За да не се мачите, изберете храна богата со влакна како што е ориз, грав или друг влакнест зеленчук. Освен што ќе им помогнете на цревата, организмот ќе ја надополни потребната енергија.
Сладолед
Во текот на ПМС, организмот бара и т.н. „храна за утеха“. Во категоријата влегуваат и слатките и јаглехидратите. Кај многу жени во овој период се појавува желбата за чоколади или тестенини со масно сирење. Обидете се да не јадете ваква храна, со спротивно ќе си направите мечкина услуга. Така ќе се чувствувате уште полошо по заситувањето. Кога ќе се појави желбата за „храна за утеха“ – јадете сладолед. Тој ќе ве задоволи, а нема да остави посериозни последици.
Коментарите се затворени