Младинскиот гудачкиот квартет Сетема подготвува концерт, насловен како „Бах во Метро“ што ќе се реализира на 10 јуни во 20.00 часот- онлајн. Концертот ќе биде стримуван на Фејсбук профилот на гудачкиот квартет Сетема и на Јутуб профилот на Пламенка Трајковска.
Програмата на концертот се состои од композиции посветени на сопругата на Ј.С. Бах од збирката ,,Тетратка за Ана Магдалена Бах,“ . Овие композиции оригинално се напишани за пијано а за концертот нашата виолинистка Пламенка Трајковска направи аранжман за гудачки квартет.
Заради пандемијата гудачкиот квартет интензивно ја подготвуваше програмата онлајн и направија неколку клипови од композициите во своите домови. Клиповите ги едитираше Пламенка Трајковска и истите се споделени на фејсбук страната на квартетот.
Концертот го снимија во една од скопските гаражи почитувајки ја препораката за меѓусебна дистанца. Сега тие ги покануваат љубителите на класичната и барокната музика да уживаат во единствен камерен концерт онлајн.
Гудачкиот квартет Сетема се состои од млади музичари ученици вљубеници на камерната музика и тоа Сања Здјелар, Емилија Грковска, Теохар Хаџи-Стојанов и Мартина Јаневска. Сите се ученици во средното музичко училиште Илија Николовски – Луј. Ментор на концертот е Пламенка Трајковска.
Концертот на гудачкиот квартет има за цел да ги поттикне младите музичари кон камерното музицирање како единствена форма на споделено музичко размислување. Програмата која се состои од дела на Ј.С.Бах ги стимулира попродлабочено да ја восприемат музиката од овој композитор и барокната музика.
Концертот е поддржан од програмата за Проекти за младите од интерес на Град Скопје за 2020 година.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени