Голем концерт на „Македонијо во срце те носиме“ на 7 декември
„Македонијо во срце те носиме“, приказната која трае без малку две години ќе биде заокружена на 7 декември, со голем концерт во Скопје. Концертот е закажан во големата сала на Филхармонија во придружба на голем симфониски оркестар и под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Она што е ново, како што беше соопштено на прес-конференцијата, е дека освен веќе добро познатите 12 преработки на патриотски песни, публиката ќе има можност на сцената да види и чуе уште три нови. Промена во однос на имињата кои беа дел од…