Browsing Category
Интервјуа
Интервју со актерите од претставата „Сестрите Прозорови“: Избегавме од мракот, таму нема ништо
„Сестрите Прозорови“, претставата што ја копотпишуваат Сашо Димоски и Васил Зафирчев, како што велат актерите од истата е „почетокот на трагањето по вистината.., за да се пронајде прозорецот, да се погледне низ него и- да се побегне.“ Премиерната изведба на претставата се случи во јануари годинава, потоа- ја отвори драмската програма на јубилејното шеесетто издание на „Охридско лето“ а актерите- Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски и дадоа живот. Костимографијата е на Раде…
Нино Величковски, учесник на „Охрид-фест 2020“: Новата песна е нова радост, нова рожба и среќа
Нино, ги сакаш фестивалите, ама и тие тебе. Кога ќе се спомне „Охрид- фест“, како уметник со долгогодишен стаж, навистина имаш многу да кажеш. На што најрадо се сеќаваш, на кои луѓе, средби и песни? - Токму така. Ги сакам фестивалите, тие се празник за пеачите. Патем, нам ни требаат фестивалите, тука созреваме, тука учиме ако сакате...Учиме од другите колеги, разменуваме музички идеи и пред се се дружиме а тоа неможе никој да ни го земе! Тука е и музичка берза. Се гледаму и договараме со композитори, аранжери, автори на…
Каролина Петковска, водителка на „Охрид-фест“: Овој фестивал ја афирмира македонската музика но и нашиот јазик
Каролина, и годинава ја водите фолк- вечерта на „Охрид- фест“, скусеното издание на популарниот фестивал. И покрај големото искуство, и вашиот личен белег- професионалност, сигурно постои нешто што во оваа приказна се нарекува предизвик? - Во 1994 година, мислам, дека малубројни беа оние коишто веруваа дека новиот фестивал на авторска мелодија создавана во духот на нашата богата музичка ризница, ќе забележи непрекината традиција и покрај сите препреки и искушенија, на личен и на професионален план и за неговите идејни творци…
Ненад Нинчевиќ („Тути фрути“): Се надевам дека на Тоше му вратив барем делче добрина која тој несебично ја делеше со мене
Со Ненад Нинчевиќ, еден од најплодните хрватски автори контактирав користејќи ги привилегииите на современата технологија. Брзо, ефикасно и професионално, Ненад демонстрираше дека и покрај романтичните стихови е човек на ова време. Интервјуто е со повод, наградата на „Охрид- фест“, што поради состојбата со пандемијата Нинчевиќ нема да може да ја подигне на лице место, од Охрид. Но, ветувањето падна, следната година, ќе се надополни пропуштеното, на нашиот терен, на „Охрид-фест 2021“. Во досегашната кариера, „google“…
Учесник на „Охрид-фест 2020“, Ибро Лабунски: Музиката е мојата душа
На “Охрид-фест“ ќе ја пееш песната „Анѓо моја судбино“, што е можност повторно да те видиме на фестивалската сцена. Дали е ова кам-бек во музиката и, бидејќи си авторот, каква е песната? - Да, јас сум автор на музиката и текстот на „Анѓо моја судбино“, во аранжман на Суад Хусеин Цуле, со кого соработувам. Тој ги прави аранжманите на скоро сите мои нови песни за што искрено му благодарам. „Анѓо моја судбино“ е чалгија, песната е подготвена токму за „Охрид-фест“. Охрид отсекогаш ме потсеќа на моето детство, на мојата прва…
Перо Христов со ревијално шоу на „Охрид- фест“: Ми недостигаат некогашните фестивали, природноста и песни отпеани со душа
Кариера богата со многу убави песни- вистински бисери, награди, турнеи, концерти, луѓе...Перо, дали навистина музиката е најголемиот подарок и талент што на човекот може да му го разубави животот? - Да, музиката како уметност е една прекрасна работа која секој човек, кога ја слуша, го прави среќен, исполнет и свој. Ова го зборувам како обичен слушател но ако музиката поради твојот талент ти е професија или егзистенција, тоа е нешто сосема друго. Убаво е тоа што Господ ти дал талент или си го наследил од некој близок, и тоа…
Добрила Чабриќ (93), учесничка на „Охрид-фест“: Мојот еликсир се луѓето, ме сакаат и ги сакам
Сцената на Долни Сарај, каде што годинава ќе празнува песната, преку 27-мото издание на „Охрид-фест“ е можност да ве видиме и чуеме со нова песна. - Да, се радувам поради претстојниот фестивал, добив покана и прекрасна песна насловена како „Охриде мој“ на Григор Копров и со преубавиот текст на Огнен Неделковски. Многу ми се допадна, ме трогна, верувам дека и публиката ќе изреагира емотивно како и јас. Инаку, на „Охрид- фест“ првпат настапив пред две години, после победата во шоуто „Никад није касно“. Прекрасни спомени имам…
Благоја Грујовски, учесник на „Охрид-фест“:„Кому да запеам“ го издржа тестот на времето
Претпоставувам дека за тебе „Охрид- фест“ значи полни багажи со песни и спомени, плус- те паметиме и како водител на фестивалот. На што најрадо се сеќаваш? - „Охрид фест“ е за мене полн со спомени. Убав амбиент во целина, особено сцената „Долни Сарај“, убави дружења со колегите и се разбира она за што сме таму- песните. Ако треба да издвојам некоја, нека биде „Кому да запеам“ од Григор Копров, која го издржа тестот на времето, денес ја изведувам редовно и ми е една од омилените. Се радуваме на твојот настап годинава. По…
Учесничка на „Охрид-фест 2020“, Ирена Спасовска: Им се враќам на фестивалите поради преубавата песна
Ирена, настапуваш на 27-мото издание на „Охрид-фест“. Најпосле песна, сцена, фестивал... Како се чувствуваш, каква е песната што ќе ја пееш? - Да токму така, после подолго време на фестивалска сцена... Се чувствувам како прв пат да настапувам, хаха...Се шегувам, последните години фестивалите не ми беа омилени, повеќе работев нови песни поткрепени со спотови, кавери, настапи на емисии и живи свирки. Искрена да бидам, за „Охрид фест“ ме освои песната „Коки мое кокиче“ на Горјан Стојановски, одамна не сум слушнала толку певлива…
Цане Петров, уметничкиот директор на фолк- вечерта на „Охрид-фест“: И покрај специфичната состојба со пандемијата, на фестивалот ќе настапат…
Нецели две недели пред „Охрид- фест“ ве наоѓам во работна атмосфера: се е во знак на музиката, снимањето, се довршуваат песните, се финишира во голем стил. Веднаш на почетокот: како сте Цане? - Еве, веќе 8-ма година како уживам во обврската - уметнички директор на Охрид фест „Охридски Трубадури“ и секако уживам (работно) во подготовка на новото издание на фестивалот. И, кога има позитивна енергија собрана од некои- безмалку стотина души и тоа се врвни уметници, и кога си ја сакаш работата што ја работиш, сигурно е прекрасна…