Browsing Category
Колумни
Наполнете си го срцето. Да наздравиме!
„Староста не те штити од љубов, но љубовта те штити од стареење“ е константата зад која стои Жана Моро. Како што минува времето, особено кога разбрав дека старењето „не им се случува само на другите“, се повеќе се уверувам во точноста на нејзините зборови. Плус, проверена е на животниот терен. Денес е денот кој потсетува дека животот е краток, прекраток, како фустан испран на центригуга. И дека треба да се слави. Искрено, префорсирано ми е сакањето за 14 февруари, денот роден за трговците и угостителите, ама си велам кога…
На лице место од Дубаи. Во земјата на среќа целта е да не постои зборот- не може
Секој 2 јануари, години наназад планиравме да бидеме некаде надвор од Скопје. Тоа ни беше некоја семејна традиција која ја практикувавме последните десетина години. Обично посетувавме места во Македонија на кои не сме биле па така едно од најубавите сеќавања ни будат снежните пејзажи кои не изненадија преку ноќ таму некаде во Пехчевско-Беровскиот крај. Сме биле и на места покрај Егејското море кога на 2 јануари времето било како во пролет, сончево и топло што уште повеќе придонесуваше да се биде со верба и надеж, желба и…
Новогодишна честитка
Драги мои, Ја испраќаме старата година подготвени, без задршка, без патетика: беше луда, брза, на моменти напната како полна бешика, предизвикувачки наострена. Не вртете се по неа, напротив, шепнете и во доверба: патувај среќо, а со тебе сето бреме, сите крадци на спокојни мисли, манипулатори и гњаватори, бај бај. Ако верувате, ќе имате добра, топла година. За почеток, засакајте се себеси, ама онака вистински, од длабочина. Не можете да го смените светот, ама можете себеси: отворете се за нова страница, нови убавини, за…
На лице место од Дубаи: Земја на среќа, блесоци и насмевки
Пилотот и убавата стјуардеса во сино бела униформа со златни еполети со насмевка ме пречекуваат пред влезот во авионот. Јас со себе ги носам коферите и полека се искачувам низ скалите до влезот во кабината. Тие ме поздравуваат и ми посакуваат добредојде. Ова беше мојот сон кој во своите мисли го бев така изрежирала што секоја вечер истите слики, истите чувства на возбуда и радост, истата надеж дека еден ден јас и моето семејство ќе отпатуваме на далечниот континент и ќе започнме нов живот. Посакував моите деца да живеат…
Ај фил фуд. Лахмаџун, ајран и арт
Најобична прошетка до Старата чаршија дава можност да ги разгледувате луѓето, да ги сместувате во некакви измислени калапи. Плус, времето секогаш се скусува и е поинтересно кога димензија добиваат непознати ликови: им смислувате табиети на луѓето, кои често, во најзабревтан дел од денот изгледаат уморно. Тоа е една малечка игра да погодуваш кој е каков, ама за база да го имаш физичкиот изглед. И не треба некаква особена филозофија, какви може да се луѓето кај кои се` е предимензионирано, поголемо отколку „што треба“, а…
Тоше е тука со нас, засекогаш
Не го сакам октомври. Како што поминуваат деновите, месеците и годините од тој 16 ден на листопад 2007-ма година, повторно истото чувство на немоќ, некоја чудна, подмолна апатија... И колку и да бегам, стравувам да не заталкам во тунелите на толку пати повторените зборови на недотрошена тага, што често звучат тривијално. Се чувствувам беспомошно, деновиве сум малечка, ронче во свемирот, па ми доаѓа да се сокријам, да влезам во буквата Т. Тоше. Сончево, ѕвездено дете. Се сеќавам на се - на професионалните средби кои, дур си…
Ај фил фуд: Буковска пипер, мирудија од минатото, што подготвено ја чека иднината
Почнаа дождови: сивилото ги натежна облаците кои затекнати од „брзото“ заминување на летото, оддеднаш посивеа. Ладничко е а ниските температури разбудуваат носталгија- во мојата се наоѓа ужинка од детството: парче леб намачкано со маст и наросено со пипер. И тоа не обична, туку прочуената Буковска пипер, незаменлива во македонската кујна и во познатите специјалитети што зборуваат за нашиот гастрономски идентитет. Селото Буково, во непосредна близина на Битола, „татковина“ на буковската пипер, во рана есен е накитено,…
Познатиот српски кантавтор Срѓан Марјановиќ на „Охрид фест“: Го сакам фестивалот а сум вљубен во Охрид
Срѓан Марјановиќ, кантавтор и писател е автор на 17 студиски албуми а ние со подолга меморија ги сакавме легендарните песни „Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“... Учествува на 28-мото издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер што се случува на 11 септември. И покрај константната присутност преку музиката, но и преку пишаниот збор, најголемата слава Срѓан ја доживеа во 80-тите години на минатиот век. Сепак, си остана верен на себеси, хранејќи…
Ај фил фуд. Палачинки, гурманско тркало на среќата
Палачинките се волшебна работа, сеедно на кој социјален слој припаѓате, со кој јазик зборувате, творите, сонувате... Не се шегувам - палачинка значи поддршка, радост, спакувана среќа и поради сите видливи и невидливи карактеристики, омилени се и кај нас на Балканот, и надвор од него. Тие се и лозунг за времето идно, кога девојчињата стануваат девојки, пасош до инстант-дестинација наречена - добро расположение. Со нив навистина се прават чуда - се лекуваат скршени срца, се смируваат комшии, а почетниците на патеката на…
Ај фил фуд. Моите антидепресив чинии
Откако знам за себе, а меморијата ми е импресивна- и во квантитетот и во квалитетот, храната ја сметам за голем дар. Седнувањето на софра е како магија: јадењето е радост, спојува луѓе, весели, ех какви се убавини се раѓаат на маса полна со чинии, чинивчиња, миризливи тепсии и полни со сласт тенџериња. Ете, го поседувам чувството дека храната е нешто како антидепресив, а едно време толку бев навлечена во неа, што го сменив конфекцискиот број, и не сум горда на тоа. Едноставно, готвев и консумирав, и тоа го сметав за…