Browsing Category
Промоции
Светско а наше. „Time“, втора инструментална композиција на Никола Мицевски
По првиот сингл „Круг” кој, следејќи ги коментарите на публиката, помина фантастично, нашиот композитор Никола Мицевски, го промовира и својот втор сингл „ТИМЕ”, дел од неговиот албум „NEW ERA”. Гитаристот Дамјан Пејчиноски е специјален гостин на овој проект а видеото го изработи Даниел Јовески. -„Time“ е инструментална композиција во синематик/ етно/рок/симфони правец, или популарно кажано- во World music правец, со призвук на филмска музика, вели Никола. - Тоа е сублимација на моето досегашно музичко знаење и искуство,…
Сите Маротови во „Сплотеност, љубов и мир“
Порака до сите луѓе на планетата, во баладата натопена со емоции „Сплотеност, љубов и мир“ е семеен ангажман на Маротови. Патем, песната беше еден од кандидадите за Евровизија, но, не помина на конкурсот и сега го следи својот пат: полека но сигурно допира до слушателите и бескопромисно ги брани адутите врзани за човечноста и припаѓањето. Ја изведува квартетот „Four M“, по нашки: 4 М, каде членуваат Баже, Јуле, Лена и Бојан Маротови. - Песната настана по иницијатива на Цане Трајчевски, кој сакаше да учествувам како…
Фонд за животна средина – еден од главните еколошки приоритети за 2022 година
Итното формирање на Фондот за животна средина треба да претставува еколошки приоритет на македонските власти во 2022 година. Тоа е и една од главните желби на Еко-свест за во Новата 2022 година. Преку формирањето на Фондот за животна средина, Еко-свест смета дека ќе се постигнат долгорочните резултати во заштитата на животната средина, борбата со климатските промени, односно ќе се придонесе кон систематско и одржливо решавање на најголем дел од еколошките проблеми и предизвици со кои Република Северна Македонија се соочува…
Светско а наше. BOCCA DI LUPO – нова софистицирана приказна со уникатен изглед, вкусна храна и добра музика
На површина од 7.000 метри квадратни, ресторан, хотел со 35 соби и базен со pool bar, е старо-новоиот Hotel Mirror и софистицираниот fine, wine and dine Bocca Di Lupo каде љубителите на убава храна, одлична атмосфера и место за релаксација ќе можат да уживаат. - Самото име BOCCA DI LUPO, значи „среќно-со среќа“, нашиот light мотив има за цел таа позитивна вибрација која го носи самото име да се пренесе и на нашите ценети гости, рече на официјалното отворање на ресторанот Дејан Петрушевски, кој е менаџер и на хотелот „Мирор“…
Албумот е готов, Атиџе и Сузе канат на промоција
Во среда, почитувајќи ги сите еснафски па и космички правила бидејќи е- среќен ден, се случува многу интересен настан, вистински музички деликатес, од идеја до реализација. Кога им се препознаа душите, Сузе и Атиџе и запеаја! Токму во чест на музиката, добрината и убавините, Атиџе Муратова и Сузе Турунџиева прават промоција на албум, насловен по топлата, домаќинската мисла на Атиџе, која може светот да го направи поубав. Навистина. Станува збор за албумот „ПОЛА ТЕБЕ ПОЛА МЕНЕ“ а Сузе вели: - Позади нас оставаме многу…
Марија, екс „Фрајле“ ја претстави својата прва самостојна песна: Балада, ама малку поинаква!
Таа е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур. Таа е Марија, а „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл. Таа е лице и глас кои добро ги познавате. Радоста од создавањето и музичките соработки се гориво за погонот на Марија. Некои од најпознатите теми на Фрајле ги потпишува токму Марија или Макица, како што на нарекуваат пријателите. За своите…
„Гласот на децата на Скопје“ за својот град
По повод празникот 13 ноември, детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје“ при ЈУ. Детски културен центар Карпош, го честита роденденот на своето Скопје со видео запис. Станува збор за четири евергрина, познати хитови испеани од Драган Мијалковски, Лидија Кочовска, Импулси и Александар Митевски, што децата ги пеат прекрасно и со многу емоции. Исто така, точно напладне може да се проследи манифестацијата „Го градам мојот град“, каде децата од градинките со својата креативност ќе покажат како го гледаат Скопје, преку…
Весна и Игор во Агенда 21. Еколошко шоу како домашна седенка
Популарните актери Весна Петрушевска и Игор Џамбазов се водители во еколошкото шоу Агенда 21, во продукција на КМК. Емисијата ветува добра забава, факти и е повик за акција за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот. - Сигурна сум дека шоуто Агенда 21 ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во…
М! оди напред, но вели „Има назад“
Штотуку е пуштен новиот сингл на младиот и талентиран рапер Мартин Каранаков, алијас М!, насловен со „Има назад“. Станува збор за рап песна со певлив рефрен, „прочистен“ текст, без вулгарности бидејќи главниот лик е урбано момче што претендира на автентичност, идентитет и добра иднина. Текстот за песната го напиша самиот Мартин, а музиката, аранжманот и продукцијата ги изработи Александар Масевски. Инаку М! е средношколец од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, игра кошарка за Работнички и тукушто стана полнолетен. Во…
Камбек. Симона навистина се чувствува добро
По пауза од скоро година и пол од музичката сцена, нашата пеачка и доктор дерматолог, Симона Поповска има нов сингл. Причини за оваа пауза се остварувањето на Симона како мајка и раѓањето на синот Никола. Тоа е едно слатко бебенце кое многу личи на убавата мама Симона. Симона е добар женски вокал: до пред некоја година позната и како член на единственото денс дуо кај нас Саунд Месинџерс, заедно со Дј Ерик Фокс, беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка,…