Browsing Category
Промоции
Star Boy – го промовираше својот „Infinity Box“ во Монте Карло
Оние кои ги следат модерните текови на музичката сцена се сеќаваат на Македонецот кој живеево Париз, а работи и твори како музички трап артист но и дизајнер на сопствениот моден бренд „Royalty“. Велешанецот Ванчо Пашалиски или Johny Star, „StarBoy“ како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки – три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на…
Боби има нова емотивна балада – „Калдрма“ е чиста емоција
„Калдрма“ е насловот на новото музичко парче на Боби Павловски, емотивна балада со моќен текст преточен во одлична видеоприказна за која кадрите се снимени во Белград. Зад песната која е продолжение на серијалот, инаку најава за албумот што е следната музичка цел на Павловски, како автор на музиката и текстот стои Љубинко Танасиќ. Аранжманот и овој пат е дело на Милан Раѓен, а нов соработник му е Ивана Селаков, која јавноста ја памети по бројните хитови и особено фантастичниот дует со Аца Лукас. Видеото и овој пат е…
Светски звук и изглед: Антониа Гиговска има „Магнет“
„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, што го промовираше на своите социјални мрежи. Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“. Таа и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец. По се…
Сара Гигова со прв сингл. „Ладно лето“ за жешки денови
Можеби некои од вас се сеќаваат на Сара кога учествуваше во едно детско регионално музичко шоу, каде уште како девојче ја воодушеви жири комисијата и публиката со своите гласовни способности. Таа го промовира своето првенче со наслов „Ладно лето“, на кое како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски. За оваа песна Сара сними и прекрасен видеоспот во режија на младиот Ѓорѓи Вацев. Спотот се снимаше на Преспанското езеро, а во него имаме прилика да ја видиме Сара во неколку различни…
БДМ: Keep All The Love
Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл, Keep All The Love. Песната e во клубски и фестивалски звук, и како претходните песни на групата, донесе еден различен стил на музика во Македонија. Новата песна на БДМ е во соработката со Дофеин, музичар со македонско потекло кој живее во странство. Дофеин е анонимен лик скриен зад маска, која е негов заштитен знак и изјави дека зад маската не стои човек, туку идеја. За Keep All The Love, како и за сите претходни песни, момците од БДМ направија…
„Трепет“ на Благојче Трајковски и Андријана Јаневска: Спој на класичната и традиционалната музика
Првата композиција од низата музички дела на кларинетистот Благојче Трајковски насловена како „Трепет“ излегува во музичкиот етер, создадена во соработка со пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. „Трепет“ претставува емоционално богата инструментална музика каде кларинетот на Благојче и виолината на Андријана изразувајќи меѓусебна љубов не оставаат рамнодушен ни еден слушател. Посебните емоции произлегуваат и од прекрасната придружба од камерниот оркестар составен од врвни македонски музичари и неколкумината гости…
Ново име, нова песна: Слушнете ја „Не ме оставај“ со Тамара
„Не ме оставај“ е четвртата песна на Тамара, симбиоза на емоции и музички жанрови. И покрај својата суптилност и нежност, откако ќе ја слушнете, навистина ќе почувствувате бура од емоции. Тоа е знак дека е родена и создавана во искреност. Автор на оваа интересна композиција е Никола Мицевски кој ја направи музиката и аранжманот, а текстот го напиша Весна Малинова. Песната е снимена во студиото XL Момироски. Видеото кое ја дополнува оваа музичката идеја е дело на Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев. И уште нешто: „Не ме оставај“ е…
Алка Вуица повторно во „жижа“. Нова женска химна, наскоро и албум
Алка Вуица, музичарка со посебен и претпознатлив сензибилитет, авторка на многу хитови, седум албуми (Лажи ме, За тебе чувам себе, Алкатраз, Балкан грл, Професионалка, Циркус и Алкина кафана), која неодамна го прослави 60-тиот роденден, по 16 години апстиненција се враќа на сцена, и тоа како изведувач. Со одличната „Луѓакиња“ („Luđakinja“) Вуица го најавува студискиот албум, на кој интересно е дека соработува со Марија Мирковиќ, некогашната членка на бендот Фрајле, која по заминувањето од составот реши максимално да ѝ се…
Се сеќавате на „Мерак песна“ со Бисера Велетанлиќ? Сега има ново руво со Бојана и „Мерак“ бенд
„Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си мерак песна да те испеам...“, се стиховите кои ја одбележаа далечната 1988 година. Темата „Да си мерак песна“ која тогаш на Макфест ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, а денес, после 33 години повторно ги оживеа пејачката Бојана Скендеровски и составот „Мерак“. Премиерата на композицијата се случи вчеравечер, песната официјално беше претставена на Јутјуб каналот на пејачката, а за идејата и реализацијата Бојана и момците од „Мерак“ го открија…
Pink Lemonade, новиот македонски бренд
Pink Lemonade е новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за девојки и жени кои сакаат да изгледаат уникатно, смело и енергично. Првенче е колекцијата со симболичен наслов „Flamboyant Blossoms“. Првиот дел е веќе достапен за широката јавност, промовиран заедно со лансирањето на брендот Pink Lemonade, на социјалните мрежи. Станува збор за петнаесетина стилски и колоритни изгледи за пролет и лето, кои несомнено ќе ги привлечат погледите на минувачите, но пред сѐ ќе создадат…