Browsing Category
Дом и семејство
Индиска закуска со леќа
Потребно е: 200 г леќа (портокалова) 200 г кафеав ориз 2 лажици маслиново масло 3 главици кромид 2 китки магдонос половина лажичка сол сува пиперка 0,5 литри вода Подготовка: Во подлабоко тавче загрејте масло на умерена температура, па кратко издинствувајте го кромидот исечен на ленти. Извадете половина од кромидот, а потоа ставете ја леќата и оризот кои претходно сте ги измиле и процедиле од вода. Промешајте да се соединат со кромидот, налејте вода, посолете и сипете црн пипер. Поклопете и варете на умерена температура…
Буковска пипер – зачин, традиција, идентитет
Овој текст е дел од серијалот текстови за поддршка во промоцијата на традиционалното производство на зачинот буковска пипер, а во најава на манифестацијата „Вкусот на Буково“ преку која се слави неговата посебност. Манифестацијата оваа година се организира по петти пат, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Благословени се местата на кои им било подарено да имаат таков препознатлив производ, со кој мештаните се доживуваат себеси комплетни, спокојни, обдарени, додека ја гледаат…
Витаминот Ф за убава кожа и за борбата против холестеролот
Станува збор за неопходен витамин кој нашиот организам не може да го создаде. Имено, тоа е супстанција од која се синтетизираат другите заситени масни киселини. Овој витамин игра главна улога во создавањето на одбранбената рамнотежа. Што може витаминот Ф да направи за вас? За почеток: помага да се спречи таложењето на холестеролот во артериите, придонесува за здравјето на кожата и косата, дава извесен степен на заштита против штетното дејство на Х-зраците, го помага растењето и општата здравствена состојба, помага при…
Мојата кујна: Макарони со тартуфи и биено сирење
Кога сум во Смилево, во моето безгрижно зелено гнездо, разбирливо е дека сум инспиративна во однос на готвењето. Денес правам вистински спацијалитет, макарони со тартуфи. Ќе беше подобро да имав домашни јуфки, но тартуфите се наши, македонски, од брендот tuf.mk, па можам да се препуштам на магијата. Одбрав макарони во облик на полжавчиња, во оригиналот се нарекуваат pipe rigate и многу ги користам бидејќи „самоволно“ се полнат со сос. Процедурата е едноставна: кога макароните ќе се сварат ал денте, значи малку да крцкаат,…
Мојата кујна: Салата за разладување
Што правам кога ќе навтасаат жештини, вруќини, оморини? Мислам, го враќам филмот од пред половина година, а таму сликата не е весела: сиво е и грдо, во зима натежнува небото и уште попладне е ноќ. Да, тоа ми е редовна мантра да го освестам моментот- сега и тука, да се радувам дека е ден и тоа дооооолг, дека е светло, полно со оптимизам и со понекоја желба. И во еден таков сончев делник, се јаде нешто оптимистично, лесно и отрезнувачки: салата за разладување. Постапката е крајно едноставна и лесна. Печам тиквички, во…
Шеф Маре Јаневска: Лисната кралска погача
Во традицијата на православните христијани, празникот Велигден се дочекува со посебна возбуда на која ѝ претходат подолги подготовки. Во кујната на „кралицата за тесто“ Маре Јаневска, во деновите на овој празник над празниците се шират прекрасни мризби што значи радост, оптимизам и живот. Специјално за оваа прилика Маре ја препорачува лисната кралска погача. Потребно е: 300 мл млако млеко 1 мала лажичка шеќер 1/2 мала лажичка сол 1 мала лажичка синап во прав 1/4 од коцка свеж квасец 3 јајца 200г путер Брашно да се замеси во…
Шеф Игор Каспер: Англиски чај за појадок
Англиски чај за појадок или едноставно: чај за појадок е традиционална мешавина на црни чаеви со потекло од Асам- Индија, Цејлон и Кенија. Тој е еден од најпопуларните мешани чаеви, вообичаен во британската и ирската култура на чај. Чајот за англиски појадок е мешавина од црн чај, обично опишан како полно тело, робустен, богат и измешан за да оди со млеко и шеќер, во стил кој традиционално се поврзува со обилен англиски појадок. Пиењето мешавина од црни чаеви за појадок е долгогодишен британски и ирски обичај. Терминот- чај…
Шеф Игор Каспер: Сендвич со колбаси за појадок
Иако се јаде во секој дел од денот, сендвич за појадок е уживање и добра енергија за обврските што не очекуваат... Сендвич за појадок се служи во ресторани за брза храна и сувомесни производи, се продава во супермаркети и најчесто се прави дома. Различни видови на сендвичи за појадок вклучуваат сендвич со сланина, сендвич со јајца и сендвич со колбаси; или разни комбинации од нив, како сендвич со сланина, јајца и сирење. Сендвичот за појадок е поврзан со ролатот за појадок. Иако состојките за сендвичот биле вообичаени…
Шеф Игор Каспер: Косло салата
Терминот „Cooslа“ настанал во 18 век како англицизација на холандскиот термин „koolsla“ („kool“ на холандски звучи како „cole“) што значи „зелена салата“. Оваа салата е многу популарна и го оправдува своето долго траење. Делот „кол“ од зборот доаѓа од латинскиот caulis, што значи зелка. Мудриот холандскиот готвач од 1770 година, (холандски: De Verstandige Kock) содржи рецепт што му се припишува на холандски готвач кој мешал тенки ленти зелка со стопен путер, оцет и масло. Рецептот за зелена салата, како што најчесто се…
Шеф Игор Каспер. Постапката за подготвување на Јоркширски пудинг
Покрај историјатот на познаиот Јоркшир пудинг за кој пишував минатата недела, на барањето на неколку колеги, еве ја постапката за неговото приготвување. Многу важно е да се знае дека во смесата не се става масло, а еве се состојките: - 3 јајца - 175гр брашно - 300 мл млеко - 150 вода - 1/2 лажиче сол Постапката е следна: се матат јајцата убаво и се додава млеко со вода, повторно се мати и се додава брашно. Смесата се остава да одмори околу 15 минути. За тоа време се загрева рерната на 190 степени. Во модла за 9 мафини се…