Browsing Category
Со вилушка низ Македонија
Вкусно. Паштета од индиски ореви
Потребно е: 2кг морков, 2кг модар патлиџан,100 гр индиски ореви, масло,1 лажица сол, сенф и кари (по желба) и 2 лажици мелено ленено семе. Морковот се вари и се миксира а во истовреме се пече модриот патлиџан. Кога ќе биде готов, се миксира. Потоа, во загреано масло се додаваат морковот и патлиџанот, се препржуваат а потоа се ставаат останатите состојки, кои со мешање, на умерена температура се варат уште еден час. Оваа превкусна паштета се става во загреани тегли или се јаде веднаш. Фото-Pixabay
Пиперки за појадок, ручек и вечера
Миризлива салата Две дебели црвени и една жолта пиперка, две лажички маслиново масло, три лажички сок од портокал, кари сос и сол. Преполовете ги пиперките и исечете ги најтенко што можете. Сокот од портокал помешајте го со карито, посолете и зачинете. Оставете да омекнат а подоцна послужете со препечен леб. Пиперки полнети со телешко Потребни се 4 црвени пиперки, малку печено или варено телешко месо, 100 гр. ориз, 1 коцка супа, 1 лук, 1 лажица масло, 1 лажица сос од домат, сол и пипер. Оризот сварете го во супата.…
Атракција. Во Скребатно се прогласија најдобрите ѓомлезиња
Традиционалната манифестација „Охридска софра 2019“ ги прогласи најдобрите мајстори за приготвување ѓомлезе, па така живописното селото Скребатно во близина на Охрид, викенов беше најатрактивна дестинација во регионот. Скребатно, сместено во пазувите на Петрино, веднаш ти се лепи за око а потоа и за душа - непрегледно зеленило, спокој, природата распостлана „на максимум“, небаре раскошот го носи името на ова село... И токму тука се случуваше највкусниот настан- Ѓомлезијада, кој својата атрактивност ја темели на…
ГАСТРОНОМСКИ БЕЛЕШКИ. Најубавиот Смилевски комат во „Костенче“
Aко не користите конкретен одмор а од патувањата, особено морски нема ниту „м“, слободните денови можат да станат благодетни прошетки по „неоткриени“ територии. Тоа би биле егзотични, корисни и нови излегувања од секојдневната рутина, во сосема непознати а преубави, полни со живот краишта на нашата земја. До Смилево се стигнува едноставно- откако ќе го поминете Демир Хисар и неколкуте нанижани села, кај патот што се двои- месноста Мраморица, ќе знаете дека сте сосема блиску до целта. Го следите единствен пат по кој ќе…
Десет топ- сендвичи
Ова е избор на планетарно највкусните сендвичи здр Сендвич со сланина и домат Сланина,зелена салата и домат се најубавото нешто за парче леб уште откако постојат сендвичите! Вообичаено се ставаат на печено парче леб, заедно со мајонез, а авокадо го подобрува вкусот.Најдобро е сланината да се испржи со балсамико, тоа му дава посебен вкус. „Чип“сендвич Повеќето луѓе од континентална Америка не знаат што значи „чип сендвич“, а истиот можете да го пробате во Англија. Доколку не знаете, „чип сендвич“ се состои од две парчиња…
Магични коктели од филмската лента
„Cosmopolitan“ од „Сексот и градот“ Кери Бредшоу и нејзината тајфа од некогаш мегапопуларната „Сексот и градот“ ќе останат запаметени и по добар тренинг со отворени очи да ги издржат сеансите со коктелот „Cosmopolitan“. Што романси се случија токму поради вотката (главна состојка на ова пиење), што премрежиња помина славниот женски квартет и какви с` не утра се дочекаа со овој шарен алкохол. Покрај вотката, важен сегмент се џус од боровинка, ликер „Тriple Sec“ и се разбира - исцеден лимон. Процедурата е повеќе од…
Добро утро : Палачинки, инстант ремек-дело
Мексикански солени палачинки Потребно е: кромид, масло, 100 г мелено месо, сол, црн пипер, лута алева пиперка, 2 лажици варен грав, 3 лажици пченка од конзерва, 1 лута пиперка, 1 домат или доматно пире, 50 г сирење и магдонос за декорација. Кромидот се динствува се` додека не стане стаклест, се додава мелено месо, сол, црн пипер, алева пиперка, грав, пченка. Се пропржува, а потоа се става остатокот и се пржи уште 10 минути. Палачинките се полнат со филот и се редат во огноотпорен сад. Сирењето се ренда одозгора и потоа…
АЈ ФИЛ ФУД. Ресторан „Light club“, магнет за пребирливи гурмани
Одам кон „Light club“, ресторан сместен на супер локација, во близина на АМСМ, спроти „Веро“. Денот е кус и сив, а лек за нас, нежните гурмани е само малку „прегризнување“. „Затоа, денеска ќе имам лесен, лајт ручек“, си ветувам охрабрувајќи се со примери што треба да ме мотивираат. Нема мистика, веќе знам, се доусовршив во значењето на волшебниот збор кој гласи- умереност. Еве го примерот на Толстој. Во времето кога доживувал најголеми морални проблесоци, се откажал од сите можни задоволства, гурманлаци, па и од месото. „За…
ГАСТРОНОМСКИ БЕЛЕШКИ. Филип Митевски: Храна, уметничко дело на чинија
Филип Митевски е човек на новото време, на иновативна гастрономија а чиниите на овој „маестро-готвач“, во најмала рака наликуваат на мали уметнички дела: перфекција од бои и дизајн на минијатури. Модерна кујна и арт фуд, чиста егзотика како мамка за очи го инспирира Филип на постојано усовршување - моментално работи во ланецот на хотели „Маритим“ во Германија, ужива во секојдневието и токму затоа, бараем во скора иднина, не размислува за враќање во Македонија. Твојата животна, гастрономска приказна има интензитет и е многу…
Кои се најдобрите „детокс- води“
Тие се различни и по вкус и по боја и секој човек навистина може да ја пронајде најдобрата комбинација за себе. Покрај тоа, „детокс- водите“ се многу корисни и освежителни. Патем, детоксикацијата е нешто што на вашиот организам дефинитивно му треба. Тоа е како систем кој секој ден се загадува од храна, пијалоци, животната средина, препарати за хигиена и козметика. Затоа детоксикацијата е толку важна - тоа е начин за отстранување на токсините од телото и е задолжителна за секој човек, независно од начинот на животот.…