Browsing Category
Со вилушка низ Македонија
ОВОШЈЕ НА СКАРА
Времето е како создадено за скара, но овој пат ви предлагаме да скршнето од предвиденото, стандардното мени - месо и зеленчук, и да направите вкусен и здрав оброк. Главната состојка за августовската скара нека ви биде овошје, а за да се биде како што треба ви даваме неколку важни совети. -Одберете зрело овошје, но да биде доволно цврсто за да си ја задржи формата за време на печењето. -Пред да почнете со скара, овошјето нека отстои во вода барем 15 минути за да остане сочно и да има повеќе сок. Ова особено се однесува на…
ГАСТРОНОМСКИ БЕЛЕШКИ. Ресторан „Виолина“, празник за сите сетила
Веќе половина година на Трета македонска- 100, веднаш до Тутунски комбинат се наоѓа кафе- ресторанот „Виолина“ кој, проверено, има се што може да ве направи среќни, плус да ви ја разбуди носталгијата. Нема шанси да ја промашите, уште оддалеку ќе ги видите транспарентните букви „Виолина“, една по една, во црвена, боја на радоста. На самото влегување ве „пречекува“ огромна слика на девојка со виолина, задолжително застанувате и ја загледувате, импресивна е и во големина и во убавина. Само за селфи, си мислам... И уште не сте…
Ресторан „Естел“: Домаќински цени за мераклии
Ресторанот „Естел“ се наоѓа во Дебар мало, на улицата „Ленинова“, по ново - „Аминта Трети“ а потоа се оди во првото уличе десно. Превкусна скара, убави салати, карирани чаршавчиња, цвеќиња, персонал со очи и на грб- тоа во една реченица е мојата куса белешка за овонеделната ручек- дестинација. „Естел“ постои неколку години и храбро оди кон својата цел, да стане бренд. Се прилагодува на вкусот и џебот на гостите а одамна ги слушнав нивните препораки- „сите нудат кебапчиња а ние кебапи“, „не гответе дома, ние готвиме за вас“-…
Снежана Ангеловска: Кралицата на тортите не јаде чоколадо
Вели, откако знае за себе се дефинира во слаткарството, но Снежана Ангеловска во царството на благите работи е активна повеќе од 15 години . Во нејзиното усовршување е наведена специјализација за чоколадо во Лион- Франција, а мастершефовскиот семинар во Италија го има поминато пред две години. Поради спецификата на својата професија , Снеже е многу популарна , постојано се натпреварува а годинава, со 101 освоена златна медала, го заокружува својот натпреварувачки период . Торти, колачи, пени...,има ли поубава професија од…
Што за ручек: Ќофтиња од модар патлиџан
Потребно е: 300 г. мелено месо, 1 кифла, млеко, 1 модар патлиџан, 1 голема главица кромид, 1 резенче лук, презла, брашно, 1 јајце, масло, неколку ливчиња оригано или босилок, 2 лажици пармезан, сол и црн пипер. Исечканата кифла се натопува во млеко. Исецкајте го кромидот а излупениот модар патлиџан исечете го на коцкички. Заедно пржете десетина минути. Излупете го лукот, измешајте го со ориганото, или босилокот, па тоа додајте му го на модриот патлиџан. Со миксер измелете го сето тоа во каша и мешајте на пареа, додека не се…
ГАСТРОНОМСКИ БЕЛЕШКИ. Дејан Карапеев, гастро-нуркач од морските длабини
Твојата гастро-приказна е поинаква, несекојдневна и автентична а се темели врз големата страст и љубов кон морските деликатеси. Бидејќи не е храната од нашето поднебје, откаде овој предизвик, како ти се „случи“ морето? „Од својата 18. година работам со риби и со морските плодови. Имам прилика секогаш да ги добивам свежи, работам на брод, и за мене како готвач овие рецепти се мојата азбука... Кога работите на брод, секогаш имате прилика да го имате најдоброто од морето, лесно доаѓа инспирација, идеа за нешто ново и нешто…
Оброци во облаци
Една од убавините на летањето, авионско, се разбира, е храната што се служи. Секогаш ми е изненадување, енигма што има во белите кутии со преградички. Затоа и не ми е блиско размислувањето на луѓето кои велат дека храната во авионите е без вкус и мирис. Во силна авиоконкуренција, кога се гледа и оценува се` и сешто, се` поголем акцент им се дава на квалитетот и квантитетот на оброците. Ништо не е случајно! Патем она што се јаде во авион, блиску до птиците, кога те служат насмеани стјуардеси, си има своја магија, па затоа на…