Тања Турунџиева: Кромидот е најефикасен за бронхитис
Бронхитисот е воспаление на слузокожата на дишните патишта (бронхиите). Најчесто се предизвикува со инфекција, се влошува состојбата со вдишување на штетни испарувања, како што е чадот од цигарите. Бронхитисот може да биде акутен и хроничен.
Хроничниот бронхитис е заболување на бронхиите со што доаѓа до зголемување на секретот во бронхиите, кои се пропратени со кашлање и со искашлување.
Акутниот бронхитис всушност е акутно воспаление на трахеите и на главните бронхии, кое воообичаено е поврзано со вирусна инфекција на горниот дел на дишните патишта.
Инаку, болестите се предизвикуваат од респираторни вируси, ретко од бактерии. Вирусните инфекции често им претходат на секундарните бактериски инфекции.
Еве што треба да консумирате во случај на бронхитис:
– Муколитици, кромидот и ротквицата на пример, го потикнуваат и го олеснуваат исфрлањето на слузта.
– Емолијенси, (бамјата, урмите и смоквите) го намалуваат и го олеснуваат воспалението на слузокожата на дишните патишта.
– Антибиотици и антисептици, (лукот и прополисот) корисни средства во борба против бактериите и вирусите.
ЗА ПРЕВЕНТИВА И ЗА ЛЕКУВАЊЕ Е ПОТРЕБНО ДА ВНЕСУВАТЕ:
– КРОМИД, есенцијалното масло кое е одговорно за специфичниот мирис на кромидот, делува како муколитик ( ја растворува слузта, експекторанс (го олеснува искашлувањето) и антибиотик. Кромидот е многу погоден и за акутниот и за хроничниот бронхитис. Најпродуктивен е кога се јаде пресен, а дури и самото вдушување на миризбата се покажало како делотворно.
– ЛУК, дејствува и како муколитик и како антибиотик. Многу е ефикасен против инфекции на дишните патишта, па и при вируси.
– РОТКВИЦА, таа содржи силни сулфурни есенции кои го олеснуваат исфрлањето на слузта од дишните патишта.
– РЕН, по состав и по дејство тој е сличен како и ротквицата. Го спречува прекумерното наталожување на крв во ткивата и ги прочистува бронхијалните каналчиња.
– ПРАЗ, има дејство на муколитик, слично како и лукот.
– УРМИ, ја омекнува слузокожата на дишните патишта.
– СМОКВА, ја омекнува слузокожата на дишните патишта.
– БАМЈА, тие се богати со растително лепило (познат како гума арабика) кое го смирува и дигестивниот и респираторниот тракт.
– МЕД, делува како амолијенс кој ги смирува дишните патишта и ја убалажува кашлицата.
– ПРОПОЛИС, овој природен антибиотик го произведуваат пчелите користејки растителен восок и смола, го намалува вопсалението на дишните патишта и дејствува антивирусно. Се препорачува во случај на акутен бронхитис како и при хронични болести настанати поради пушење.
– ВИТАМИН А, е неопходен за здравите клетки кои ги обложуваат дишните канали. Морковот, зелениот лиснат зеленчук, овошјето како што е мангото или кајсијата, се добар извор на бета-каротенот (кој во телото се претвора во витамин А).
– ВИТАМИН Ц, го штити белодробното ткиво.
ЗА ЛЕКУВАЊЕ ИЛИ ПРЕВЕНТИВА ТРЕБА ДА СЕ НАМАЛИ ИЛИ ЕЛИМИНИРА ВНЕСУВАЊЕ НА :
– СОЛ, натриумот ги задржува течностите во ткивата, што во овој случај за бронхитисот е штетно. Со намалување на внес на сол многу се подобрува моменталната состојба.
– АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ, ја намалуваат отпорноста на организмот и го намалуваат побрзото закрепнување на организмот од бронхитисот.
– ЗАСИТЕНИ МАСТИ, големиот внес на заситени масти, вообичаено во исхраната го слабее имуниот систем и го отежнува закрепнувањето од бронхитисот.
Коментарите се затворени