Ќе се мажи Лора, ќерката на Сузе Турунџиева: Да имав син, ќе беше како Филип

Сузе Турунџиева секогаш има интересни статуси и фотографии на фб, ама денес навистина изненади со писанието на оваа социјална мрежа: „Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста… НЕКА БИДЕ РАДОСТ! Доста беше тага… Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне…“
Се слушнавме со Сузе, еуфорична и пресреќна потврди дека нејзината ќерка Лора вчера кажа „да“, како влог на љубовта кон нејзиното момче. Купидон си ги зема работите под свое, свадбата ќе биде наскоро а вљубените се на седмо небо од емоции.


– Чудно но вистинито, останав без зборови- ни рече Сузе. „Им посакувам љубов, голема чиста и долговечна, каква јас никогаш немав. Нека им даде Бог се што ми зеде мене. Филип е прекрасно момче и да имав син ќе беше како него.“

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена