Објавена листа на 50 најбогати јавни личности во свет- Преку развод Славица стаса на шесто место
Влијателниот портал “Celebrity Net Worth” направи список на 50 најбогати личности од светот на шоу-бизнисот, а листата е сосема неочекувана, барем кога станува збор за првите десет. На прво место е Џорџ Лукас, човекот кој ги создаде „Војна на ѕвездите“ , чие богатство се проценува на 5,1 милијарда долари. Потоа реномираниот режисер Стивен Спилберг, кој може да се пофали со заработка од 3,7 милијарди долари. На третото место е Опра Винфри, која е “тешка” 3,2 милијарди долари. Зад неа, четвртото место го има актерката Џами Герц, која заработи 2 милијарди долари за време на нејзината кариера, а зад неа музичарот Пол Маккартни со заработени 1,2 милијарди долари.
На шестата позиција е Славица Еклстоун, поранешната сопруга на сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун, која, исто како и Маккартни има 1,2 милијарди долари.
Славица, која е од Хрватска, за разлика од другите кои создаваа, таа освен добар брак, не стори премногу за своето богатство. Всушност, таа е исто така позната како една од жените кои најмногу искористија од разводот, а местото на оваа листа е само доказ за тоа тврдење.
Славица Радиќ е од Риека, Хрватска а се омажи за Берни во 1985 и беше во брак со него до 2009 година. Тие се запознаа во 1982 година кога таа имаше само 23 години, на трка во Италија.
„Тргај се од тука”, ѝ рекол Берни тогаш. “Јас останувам тука”, рекла таа, не знаејќи со кого зборува.
“Ако ми се доближиш уште ќе те удрам”, додала таа, и го импресионирала со својот став и темперамент.
Медиумите постојано пишуваа дека Берни и Славица имаа многу турбулентен брак, во кој таа го презема водството и често правела љубоморни сцени. Но, милионерот слепо ја слушал и бел луд по неа. Имаше и озборувања дека таа го тепа, и дека тој бил виден со модринки. Во една прилика тој се појавил во канцеларијата со огромен џумка, признавајќи дека неговата сопруга е виновна за неа, бидејќи го видела со манекенка.
Се зборувало дека еднаш го удрила и во автомобилот, бидејки пребргу возел и дека тој го напуштил возилото плачејќи. Парот има две ќерки Петра и Тамара, познати по трошење на парите на татко им.
Зад Славица на листата најбогати се наоѓаат многу познати ликови, како што се Дејвид Коперфилд, Џеј Кеј Ролинг, Кардашиан, Џеј Зи, Мадоне ..