Саем за еротика во Мајами- Адреналински шок

Викенд исполнет со забава, едукција и сексуално здравје, или како што тие го промовираат „Посветени на љубовта и сексот“-  „Exxxotica“, 12 години е организатор на најпопуларниот саем за возрасни, кој се одржа викендов во Мајами, САД.  Над 200 светски филмски ѕвезди за возрасни беа присутни за да се запознаат со своите обожаватели, меѓу нив Абела Опанг, Адријана Чечик,  Алексис Тексас, Кристи Кањон, Џена Хазе, Кејти Морган, Лекси Беле, Тера Патрик, Тори Блек и Вероника Родригез, објави сајтот exxxoticaexpo.com.

Адриана Чечик, ѕвезда во филмовите за возрасни

На 150 штандови беа презентирани најновите светски производи  од секси индустријата , разни фетиш стилови, стриптиз шоу, перформанси на бина, BDSM .., од кој посетителите на овој спектакл добија адреналински шок.

Фото: Мишел Ив Сандберг  ( Michele Eve Sandberg)

Џеси Џејн и Алексис Тексас

Зошто во  Македонија нема саем за еротика?

Многумина од Македонија специјално за саеми за еротика патуваат во странство. Кај нас само се зборува дека треба, но не организира, иако пред неколку години имаше обид за таков саем.  Сопствениците на секси шоп „Валијант“, од кои се очекува вакво нешто велат-  нема интерес.

Вибратори по желба

-Со Горан многу пати сме посетувале саеми во Софија, Белград, Будимпешта, Лас Вегас…Во тој период јас работев авторски емисии на телевизија и  специјално за гледачите правевме интервјуа со познати ѕвезди. Многу пати сме размислувале да организираме и кај нас, имаме контакти со продуцентски куќи, но ние се уште не сме подготвени за таков ангажман. Во Македонија досега  се снимани само четири филма за возрасни. Ние немаме порно ѕвезди а единствениот домашен еротски магазин „Оргазам“, што го издаваше „Валијант“  не се печати со години. Како мала држава имаме и мала потрошувачка на секси играчки, па  интересот на компании за промоција на секси реквизитите го нема, тие треба да дојдат само за нас. Ангажманот за ваков саем вклучува многу учесници а тоа се трошоци кои треба да се покријат со продадени влезници. Е сега прашањето е колку Македонците се подготвени да дадат 10.000 денари за тридневна карта за ваков саем и како да ги привлечеме соседите масовно да го посетат саемот ако немаме продукциска и издавачка традиција која ќе ја понудиме на саемот. Саем само за сеир никој не организира, треба да има простор за работа и финансиски бенефит  за сите кои ќе бидат вклучени во неговата организација, вели Сузана Милиќ, сопственик на секси шопот „Валијант“.

Саша, старлета на најпознатата продукциска куќа „Џулс Џордан“

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена