Светски ден без градник- Празник за женско здравје и машки очи
Денес се одбележува светскиот ден без градник. Дали жените ќе го прослават не се знае, бидејќи тие што не го сакаат градникот, секако дека не го чекаат овој ден. Но, повеќе од жените на овој ден секако се радуваат мажите, тоа празник за нивните очи.
Ова е ден за подигнување на свеста и значењето на редовните прегледи кои во рана фаза го откриваат ракот на дојката. Денот се одбележува од 2011 година. Првите три години се одбележуваше на девети јули, но подоцна се помести на 13 октомври, бидејќи октомври е месец за борба против рак на дојка.
Градникот е патентиран во 1914 година, корпите кои ги обликуваат градите се измислени во 1920 година а полнетиот градник е измислен во 1947 година. Првиот спортски градник е направен во 1977 година кога е основана и најпознатата фирма за женска долна облека „Викторија сикрет“.
Извор: mondo.ba
Фото: Pexsels