Тања Турунџиева советува: Здравјето се чува секој ден-Лубеница
Почитувани читатели
Посебна чест и задоволство ми е што сум во еден прекрасен тим,кој ми овозможи преку моите едукативни текстови го пренесам сето мое знаење и познавање околу храната и нејзините лековити дејства. Се надевам, дека преку мојата колумна и прочитаните текстови ќе осознаете многу повеќе за убавините и богатството на храната, кои можат да делуваат за подобрување на нашето здравје.
Храната може да биде наш лек или наш уништувач. Како ќе се храниме, така ќе не служи организмот и нашето здравје. Преку храната можеме да ги подобриме сите метаболитички функции, да го подобриме нашиот имунолошки систем, да решиме одредени здравствени заболувања , како и превентивно да делуваме за зачувување на здравјето. Здравјето се чува секој ден,со здрава храна, не само кога ќе се разболиме. Секоја промена се прави веднаш, кога ќе решиме. Не, од понеделник, не од среда за среќа, не од 1-ви…. Веднаш и сега. А, резултати ќе има веднаш, само со дисциплина, истрајност и упорност.
ЛУБЕНИЦА
Летото го препознаваме по лубеницата и тешко е да се замисли лето без лубеница. Покрај тоа што има освежителна улога, лубеницата има и лековити својства. Поголема кришка на лубеница содржи 80 %од медицинската препорачлива дневна количина на антиоксидантниот витамин Ц околу 30% препорачана дневна доза бета – каротен ( растителен облик на есенцијален витамин А). Витаминот Ц и бета- каротенот даваат превентивна заштита од канцер, како што помагаат во превенција на оксидирање на штетниот холестерол ( LDL), за кој се верува дека е најодговорен за настанувањето на артериосклерозата.
Лубеницата содржи многу калиум и растителни влакна. Калиумот помага во регулирањето на срцевата функција и на крвниот притисок, со што помага во спречување на срцевиот и мозочниот удар. Растителните влакна ја одржуваат правилната функција на цревата и ја спречуваат појавата на рак на дебелото црево и на ректумот.
Лубеницата е и еден вид на чистач на организмот на собраните штетни течности, ги чисти бубрезите и на уринарните патишта.
Лубеницата секогаш предводува пред сите овошја во летниот период и покрај нејзините антиоксидантски дејства таа и не разубавува се конзумира секогаш во предпладневните часови затоа што на тој начин најдобро ќе ги искористиме нејзините благодети. Порано се сметаше дека лубеницата е забранета кај дијабетичарите но со најновите истражувања коишто се направени можат да ја конзумираат и дијабетичарите но само како индивидуално овошје во текот на предпладневните часови. Доколку се изеде после оброк или во вечерните часови тогаш може да настанат одредени контраиндикации во самиот организам и метаболизам. Кај децата, односно кај бебињата внесувањето лубеница може да започне по наполнувањето на 6 месеци во прво време како сок, а потоа и како целосно овошје. Лубеницата покрај тоа што го јакне нашиот имунолошки систем познато е дека преставува овошје коешто го дига либидото на организмот. Се препорачува за сите оние кои имаат обилни крварења како и луѓе заболени од анемија, идеално ја регулира столицата. И како за крај, лубеницата е дозволена за сите,освен за луѓето кои имаат проблем со хиперкалинемија.
(Тања Турунџиева- „Вита диет клуб“)