Чадот и месото печено на скара се подеднакво штетни како и цигарите
Чадот од скара и месото печено на скара се подеднакво штетни за организмот како цигарите, велат научниците. Постојаното печење или готвење на храната на отворен оган или на јаглен ја зголемува веројатноста од заболување од пневмонија, астма, и други белодробни заболувања дури до 60 проценти, а тоа ги прави исто толку опасни како цигарите. Овој заклучок е составен од тим лекари.
Чадот од отвореното огниште, како и печките на дрво и јаглен содржат голем број на канцерогени материи, јаглерод моноксид и други супстанци кои негативно влијаат на животот. Дури и кусиот контакт со оган ја зголемува концентрацијата на канцерогени материи во крвта од два до пет пати, што значително ја зголемува веројатноста од појава на рак.
Најсериозно влијание врз организмот имаат дрвата за огрев , дури 37 проценти ја зголемуваат шансата на белодробни заболувања, додека јагленот со 22 проценти. Недостатокот на нормален оџак ги зголемува шансите за болест уште за два проценти.
Извор: nova.bg