Балансот на витамини значи и квалитетен секс

Знаете ли дека постои директна врска  меѓу квалитетот на сексот и балансот на витамините во организмот? Недостатокот на било која од органските супстанци  доведува до намалувањето на  нивото на половите хормони, што влијае на либидото. Ова подеднакво важи и за мажите и за жените.

Дали ќе користите хемиски препарати или ќе се фрлите на здрава храна богата со витамини, зависи само од вас.

Кои се витамините што влијаат врз квалитетот на сексот? Експертите веќе ги дефинираа, тоа се А, Ц, Е и витамин Б комплекс. Вашето тело може да зема витамин Е од киви, домати, ореви и растително масло. Свежото овошје ќе ви даде витамин Ц, додека кајсиите и мангото ќе ви помогнат да го зачувате витаминот Е. Витамините Б1, Б5 и Б12 ќе ги најдете во компирот, рибата и бананите.

И не само тоа, со подобрување на квалитетот на вашиот интимен живот ќе можете да ја контролирате и вашата склоност кон алкохолот.  Научници од Универзитетот во Сиднеј  откриле дека интересот за дрога и алкохол е значително намален со зголемување на хормонот на љубовта- окситоцин.

 

Извор: jenata.blitz.bg

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена