Одмор. За Бик- гурмански излет, за Стрелец-морска авантура

Во зависност од хороскопскиот знак има омилени, но и помалку привлечни дестинации за одмор. Биковите, на пример, уживаат во гурмански излети, Девиците бараат душевен мир, Овновите одбира помалку популарни дестинации…

ОВЕН: Помалку популарни дестинации
Едноставни и храбри, Овновите се независни, сакаат да ризикуваат во животот, па често не се љубители на излежувањето на плажа. Припадниците на овој знак одморот го замислуваат како авантура и сакаат да истражуваат, да планинарат. Омилени им се помалку популарните дестинации, каде сакаат да се дружат со локалното население. Идеален излет за нив се и разни дворци и тврдини.

БИК: Гурмански уживања
Припадниците на овој знак сакаат да живеат комотно и да си угодуваат. Обожаваат храна, па за нив се идеални дестинациите на кои можат да пробуваат разни специјалитети. Местата на кои се приготвуваат јадења по стари традиционални рецепти, но и пазари и работилници со стари занаети се идеален спој на совршен одмор.

БЛИЗНАЦИ: Битно им е да бидат видени
Близнаците се импулсивни и љубопитни. Нивниот нагон за спонтаност често ги наведува на лутања. Идеален одмор за нив е обиколка на неколку дестинации кои радо ќе ги истражуваат. Освен тоа припадниците на овој знак ги привлекува гламур и луксуз. Често омилена активност им е шопингот. Ги привлекуваат галерии, музеи, а битно им е и да бидат видени.

РАК: Уживаат во скриени места
Припадниците на овој знак сакаат поддршка и внимание и ја ценат сигурноста и удобноста над се. Идеален излет за нив се скриени катчиња каде може да уживаат далеку од погледите на јавноста. За нив е идеален одмор излежувањето на плажа, или читање во некоја прекрасна градина, а сето тоа сакаат да го забележат со фотоапарат.

ЛАВ: Сакаат гламур
Лавовите обожаваат гламур и знаат да уживаат во животот. Ним секогаш им треба публика и восхитување од околината, па се исклучително великодушни. Ги привлекуваат места со богата историја, особено палати или кралски резиденции. Сакаат дестинации за богати.

ДЕВИЦА: Бараат духовен мир
Девиците се однесуваат како научници и сакаат да ги анализираат фактите, да го набљудуваат светот околу себе и да бидат организатори на се. Понекогаш знаат да бидат нефлексибилни и помалку немирни иако тоа нема да го признаат. Избирливата Девица се восхитува на дивините и планините. Ја привлекуваат верски центри и одреден мир кој се врзува со нив, но како земјен знак сакаат многу да патуваат со воз или автомобил. Припадниците на овој знак сакаат и дестинации на кои ќе учат и ќе се развиваат, па сакаат тури на кои може да завршат брзи курсеви за готвење или сликање. Но нека не ве залажува смиреноста и организираноста на овој знак. Девиците и тоа како сакаат да се опуштат, да се излежуваат и да уживаат во одморот.

ТЕРЕЗИЈА: Преферираат истражувачки одмор
Пријатните и интелигентни Терезии не сакаат да бидат сами. Имаат широк спектар на хобија, што понекогаш може да ја храни нивната неодлучност. Друштвени се по природа и не ги интересира традиционален годишен одмор. Патувањето го доживуваат како единствена можност за стекнување знаења и запознавање на интересни луѓе. Сакаат едукативни излети и антикварници.

СКОРПИЈА: Не може без море
Скорпиите се страствено независни, снаодливи, динамични по природа. Сакаат изолирани плажи и одморот не можат да го замислат без море или река. Освен тоа, одморот го користат за да ја подобрат својата телесна кондиција. Доколку на некоја дестинација се изгубат припадниците на овој знак без проблем и паника ќе го најдат патот за назад.

СТРЕЛЕЦ: Ќе уживате во активен одмор
Припадниците на овој знак се љубопитни и немирни до точка на непромисленост и неодговорност. Бидејќи нивниот најголем страв во животот е досадата- за нив се идеални авантуристичките дестинации. Освен тоа, го обожаваат спортот па тоа им е водилка при изборот на идеална дестинација за годишен одмор. Сакаат натпревари и стадиони, а најважно им е да има теретана во хотелот во кој што престојуваат, како и слични содржини бидејќи не сакаат да се излежуваат.

ЈАРЕЦ: Сакаат музички фестивали
Јарците се стабилни и верни луѓе, но не се претерано спонтани. Не сакаат да се изложуваат на ризик, па добри се во планирањето. Ќе се потрудат да го искористат одморот до крај, па ќе испробаат разни активности, од спортски до разгледувања. Јарците ги привлекуваат и музички фестивали на кои можат да се опуштат.

ВОДОЛИЈА: Нетипичен годишен одмор
Авантуристички настроените Водолии сакаат оригинални патувања и несекојдневни излети. Неконвенционални, бунтовни и отворени за нови искуства ќе уживаат истражувајќи непознати краеви. Припадниците на овој знак дефинитивно не тежнеат за типичен годишен одмор, а најважно им е нивното патување да биде посебно и поинакво. Освен тоа од одморот ретко се враќаат без добра книга.

РИБИ: Совршени патници за егзотични краеви
Рибите го чувствуваат своето опкружување многу длабоко, а тоа ги прави прилагодливи, сочувствителни и чувствителни на други луѓе. Имаат опуштен пристап кон животот и порадо бегаат од реалноста ако можат. Тие се совршени патници во егзотични краеви, особено обожаваат крстарења. Нема да се врзуваат за место и нема да чувствуваат жалење кога ќе дојде време за заминување зашто има толку многу дестинации за гледање. Освен тоа сакаат и туристички места во кои може да запознаат интересни луѓе.

Foto- Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена