Успешните луѓе се занимаваат со идеи а не со озборување
Стоп за „црните“ мисли
Успешните луѓе командуваат со своите мисли и чувства. Тие не размислуваат за она што не може да се направи, туку за она што може. Со себе водат позитивни разговори, веруваат во своите способности. Тие ги заменуваат лошите мисли со добри, не си дозволуваат себеси да потонат во негативни емоции.
Ограничено гледање ТВ
Додека успешните читаат, неуспешните гледаат ТВ! Колку време вие губите пред ТВ приемникот? Успешните- не повеќе од час- два дневно.
Се дружат со истомисленици
Една изрека вели: „Покажи ми кои ти се пријатели, а јас ќе ти кажам кој си“. Тоа е вистина. Опкружете се со позитивни и успешни луѓе, тогаш и самите ќе бидете такви.
Ментор
Многу луѓе кои имале ментор велат дека полесно и побрзо стигнале до целта. Менторите многу можат да ви помогнат, пред се, да ви го пренесат своето искуство.
Живот во реален свет
Успешните трошат онолку колку што можат, не живеат над сопствените можности. Неуспешните трошат повеќе отколку што заработуваат, живеат од плата до плата, се дават во долгови на кредитните картички. Дали можеби се препознавте?
Ги запишуваат и помнат имињата на другите луѓе
Успешните луѓе ги негуваат остварените пријателства и деловни контакти. Тие им помагаат на оние кои ги сакаат и не очекуваат да им биде возвратено. „Најубав звук на Земјата е твоето име“, рекол некој, а успешните луѓе тоа го потврдуваат. Тие ги помнат имињата на новите луѓе во нивниот живот, ги запишуваат. Зарем не сте импресионирани кога некој ќе го запомни вашето име? Зошто не би ги импресионирале и вие другите луѓе исто така?
Не му даваат надмоќ на стравот
Секој има свои стравови, па и успешните и богатите. Меѓутоа тие не им се препуштаат. Препознајте ги своите стравови и барајте начини како да ги надминете. Разговарајте со личноста на која и се восхитувате и прашајте ја за нејзините стравови и како ги совладала. Исто така, може да читате и биографии на славни и успешни луѓе.
Умереност во се
Успешните не претеруваат во било која активност. Избалансиран пристап кон работата, храна, вежбање, алкохол, гледање ТВ, сурфање на Интернет…
Што можат денес, не оставаат за утре
Успешните луѓе не ги одлагаат своите обврски. Секако, имаат стравови, лоши денови, но тераат понатаму и не дозволуваат тоа да ги парализира.
Исто така не одолговлекуваат и се трудат брзо да ги завршат работите. Разликата помеѓу успешните и неуспешните луѓе е и во тоа што „луѓето на врвот“ со секоја цел имаат и листа на решенија, начини, чекори, како да го остварат планираното.
Само добри навики
Добрите навики се темел на богатството. Успешните луѓе имаат многу добри и малку лоши навики. Ако знаете дека вашите лоши навики може да ве спречат да бидете успешни и богати, првиот чекор е да се ослободите од нив. Земете лист хартија, поделете го во две колони: во едната напиштете ги своите добри навики, а во другата лошите. Потоа пронајдете добра навика која може да ја замени лошата. Тоа би требало да изгледа вака: Мојата лоша навика е што ги заборавам имињата на новите луѓе кои ги запознавам. Тоа ќе го заменам со добра навика- ќе ги запишувам имињата на новите познаници и деловни партнери. Кога за еден месец повторно ќе ја погледнете оваа листа, ќе бидете изненадени колку сте постигнале.
Не го запоставуваат здравјето
Избалансираната исхрана е многу важна, како и занимавањето со спорт или рекреација од било која врста. Редовното вежбање и здрава храна се приоритет на успешните луѓе, навика која им помага полесно да се носат со стресот за време на остварувањето на нивните цели. Луѓето кои тренираат имаат повеќе енергија. Обидете се тоа да стане и ваша навика.
Штедење
Успешните поединци „тргаат на страна“ од 10 до 20 отсто од својата заработувачка, за некои инвестиции или за „црни денови“. Секако, не може секој тоа да си го дозволи, но запрашајте се кога вие сте заштедиле макар стотина денари?
Фото:Pexsels