Тофу сирење со ѓумбир
Потребно е: 400г тофу сирење, 2 чешниња лук, 2 лажици соја сос, кромид, сок од 1 лимон, 2 лажици кафеав шеќер, рендан ѓумбир и вода.
Исечете го тофуто на коцки со дебелина од 0,8 см, наредете ги во поголем плиток сад и оставете го на страна. Измешајте ги сите останати состојки, ситно исечкани, за да се направи маринадата. Прелијте го тофуто со маринадата и оставете да се маринира најмалку два часа.
Потоа кратко пропржете го (по 2-3 минути од двете страни) во врело масло, на силен оган се додека тофуто не потемни, по една минута од секоја страна.
Наредете ги тофу на чинија за сервирање, а по желба украсете со сечкан магдонос.
Фото-Serious eats