Отворено со Миле Кузмновски: Повторно се оженив со дозвола од ќерките
„Животот мора да продолжи, и заради Јана и Ана и заради мене- вели фолк пејачот Миле Кузмановски, кој по шест години од смртта на сопругата Верче, ја има новата сопруга Јасмина и третата ќерка Ева. Тој долго време не сакаше да зборува за приватниот живот, и заради болката и за да ги заштити Ана и Јана, кои на само девет години останаа без мајка. Но сега, двете близначки имаат по 15 години и учат во средно медицинско училиште. И се голема поддршка на Миле, но и вљубени во малата Ева.
-Ева има година и три месеци и е миленичка на Јана и Ана. Во семејството владее хармонија и многу сум среќен поради тоа. Сопругата Јасмина и близначките Ана и Јана се како другарки а со малата се сакаат ептен. Се функционира нормално. Навистина трите се како другарки, заедно решаваат женски проблеми, вели Миле.
По пет години од смртта на Верче, Миле и Јасмина, која работи во Црвен крст, стапија во брак. Од разбирливи причини се помина тивко и само во матично. Сега ја имаат заедничката ќеркичка Ева и, како што вели Миле, дома со четири жени е лудило.
-Ххахах може само да се замисли како ми е со четири жени. Јас сум тука само за да им ги исполнувам желбите. Но, навистина сум среќен што дома повторно има среќа. Јасмина се однесува со нив како да ги родила… После пет години од семејната трагедија се оженив со Јасмина и тоа се оженив со дозвола од Ана и Јана. Кога им соопштив дека планирам да се оженам повторно, немаше никаков проблем. Се се одвиваше многу внимателно, без да биде некој повреден. Кога се наместија коцките, тогаш решивме. И еве после толку време се гледа дека е направен вистинскиот избор, за сите нас, додава пејачот.
Весна Миленковска