ПОЧНУВА НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА ВО СВЕТОТ А И КАЈ НАС: BUONO APPETITO!
Како секаде во светот така и кај нас, на задоволство на огромната армија „италијански хранољупци“, почнувааат највкусните Италијански денови. Амбасадата на Италија, во рамките на Неделата на Италијанска кујна, (18-24 ноември 2019), организира серија на настани со кои се промовираат италијанската етно-гастрономска култура и традиција, со посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и традиција.
Станува збор за иницијатива од светски рамки, организирана под покровителство на италијанското Министерство за Надворешни работи, која се прославува со преку 1.000 настани во повеќе од 130 земји во светот.
Во понеделник се организира гостување на светски познати готвачи од Институтот за Угостителство од Чиленто „Ancel Keys“ во Италија, кои ќе одржат курс за професионални готвачи, студенти и ученици на тема „Италијанската кујна и боите на Медитеранот… “, токму денеска од 10.00-15.00 часот. во хотел Мериот во Скопје. Обуката е организирана во соработка со средното угостителско училиште „Лазар Танев“ и здружението на македонски готвачи ГАСТРОМАК.
Утре, вторник, се случува SHOW COOKING ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ИТАЛИЈАНСКА КУЈНА во Distrikt bar & kitchen во Hotel Marriott. Готвачите од Салерно, ќе презентираат рецепти, типични за Јужна Италија (18.30) и ова вечера е резервирана за новинари и блогери а за публиката е отворена од 20.00 ч.
Среда е наречена APERICENA – АПЕРИВЕЧЕРА и почнува од 18.00ч во хотел Парк. Станува збор за аперитив на италијански начин начин: коктели со италијански finger food.
Четврток има поинаков концепт со ТВ програма во живо на Телма телевизија, (12.45 часот) а за придобивките од медитеранската исхрана ќе зборува докторот и нутриционист Александар Митов.
Во петок е ВИА ЕМИЛИА: ПАТУВАЊЕ НИЗ ВКУСОВИТЕ НА МОДЕНА во
18.00ч во Хотел Парк и планирана е дегустација на храна и вино од Модена.
Настанот е во спонзориран од увозникот на храна и вино Рудине.
Во сабота се организира КУРС ПО ГОТВЕЊЕ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ХРАНА, во 12.00ч во Таверна Тоскана: Шеф Влатко Огненовски презентира врвни кулинарски рецепти од регионот Тоскана.
Во текот на саботата, од 12 -17.00ч ќе се случува настанот НИЗ УЛИЦИТЕ НА НЕАПОЛ ITALIAN STREET FOOD во Сити Мол. ’Spizzicotto’’-
Спицикото и Сити Мол водат на патување низ вкусовите од улиците на Неапол; Промоција на „Street food“ подготвен од италијанските професори по кулинарство од Институтот за Угостителство од Чиленто, „Ancel Keys““.
Сигурни сме дека ќе биде интересно, вкусно и едукативно! Италија ве чека.
Вања Тодоровска
Коментарите се затворени