Роденден. Две години „7дена.мк“
Нашиот и Вашиот Портал „7дена.мк“ денес полни две години, тука е две зими, две лета, ги искуси и пролетта и есента- по два пати.
Што се случува во животот на секој од нас со искуство од 24 месеци, да речеме, кога ќе прозбори и прооди? Зборовите и чекорите му стануваат посигурни, се почесто се смее и го крева погледот кон сонцето. Така и ние, сите 7 дена во неделата.
Постојат два големи дена во животот- денот кога ќе се родиме и денот кога ќе ја откриеме целта, зошто сме тука.
И доколку Порталот 7дена.мк (на Инстаграм: konekcija7dena.mk) ви ги разведрува мислите, со најубавите работи ви ја храни душата и телото, да, тогаш ја исполнуваме својата цел.
Да живеете и да живееме!
Вања Тодоровска
Фото: Pexels
Коментарите се затворени