Browsing Category
Белешки
„Љубовна куќичка“ подготвува храна полна љубов
Сместена во срцето на Скопје, шармантната и вкусната „Љубовна куќичка“ постои од август годинава, и сиот овој период нуди топлина и насмевка во прекрасниот амбиент, и како што кажува нејзиното име- тука има храна подготвена и „скоцкана“ со многу љубов. - По долго размислување со сопругата одлучивме да ја отвориме „Љубовна куќичка“ а името е поради пораката дека подготвуваме храна со многу љубов- ни раскажа сопственикот Игор Цветанов. Игор вели дека храната кај нив не ја делат на здрава или „не толку“ здрава, бидејќи сметаат…
Мирослав Рус. Наградата си дојде дома
Наградата си дојде дома, во вистински раце е, а фотографиите навистина го доловуваат моментот на емоции, кога Отец Пимен во Загреб му ја предава на Мирослав Рус. Да потсетиме: годинава „Охрид фест“ наградата за промоција на музиката на Балканот ја додели на композиторот и текстописецот Мирослав Рус, а истата од сцената на Долни Сарај, на 28-мото издание на фестивалот, на 12 септември ја подигна неговиот пријател Отец Пимен. Тогаш Рус изјави дека наградата му дава додатна сила да истрае по немирниот пат на создавање, ама и…
„Врба“ во Рим. „Никогаш не е многу од мостови на Балканот“, вели Милчо Манчевски во интервју за „Кориере дела сера“
„Никогаш не е многу од мостови на Балканот“, вели македонскиот режисер Милчо Манчевски во интервју за еден од најстарите и најчитани италијански весници, „Кориере дела сера“. Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. „На сите ни требаат мостови, бидејќи, Бог знае, секаде има многу немирни води. Само глупави или лоши луѓе можат да палат мостови, но - како што гледаме - има многу глупави и лоши луѓе. Уметноста - по нејзината природа - обично презема да…
Го избрав потешкиот пат за да имам дете: искрено со српската глумица Катарина Радивојевиќ
Српската глумица Катарина Радивојевиќ неодамна во Скопје го промовира својот нов филм „Нечиста крв“. Актерката, која и денес за многумина е Зона Замфирова, за малку ќе задоцнеше на скопската премиера. „На граница имаше долга колона, па отидов до полицијата и ги молев да нe пуштат преку ред. Кога ме препознаа, ми рекоа: 'Зоне не смее да доцни', па пуштија. Мислам дека никогаш нема да излезам од сенката на оваа улога“, ни раскажа Катарина. Првата улога ја добила на 11 години во серијата „Полицаецот од Петлово Брдо“, каде што…
Нема да има фестивал, „Охрид фест“ ќе се снима
Во врска со новонастанатата состојба предизвикана со пожарот во ковид болницата во Тетово, „Охрид фест“ испрати соопштение до медиумите што го пренесуваме во целост. Почитувани, Советот на фестивалот „Охрид фест“, по трагедијата во Тетово им упатува најдлабоко сочувство на семејствата на починатите. Сочувствуваме со нивната болка. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни…
Роденденската честитка на Игор Џамбазов до Македонија:Татковино, никој не те заслужува!
На својот Инстаграм профил, со убав повод, утрово осамна најубавата роденденска честитика до Македонија. Игор Џамбазов на својот уникатен начин и го честита 30-тиот роденден на својата татковина. „Македонијо моја... Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце. Имаше несигурно детство и ептен бурна младост. Време ти е да се прибереш малку. Застани веќе на свои нозе, сакај се малку повеќе. Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа. Знаеш дека не те бива за потпишување договори. Башка и никој не те заслужува. Те сакам,…
Вила Дихово: Кога природата, храната и домаќинското добредојде се на „ти“
Од сите убавини во животот, најголемата, најсрцевната е сплотена со она пламенче во градите што го препознаваме во неколкуте збора поврзани со корените, исконското и традицијата. Затоа сме во Вилата Дихово. Не ми е првпат да сум тука, па се чувствувам привилегирана да давам комплименти, да откривам што кријат дрвените порти, откаде најубаво се гледа раѓањето на денот. И, ги разбирам сите околу мене што со очи ширум отворени го пијат природниот раскош, заедно со сокот од лубеницата и нането, и експресно, од гости стануваат-…
Зошто го сакавме Милан Гутовиќ
Иако не сакаше да дава интервјуа, со „одбрана“: „Се што имам да кажам го гледате на сцена, инаку сум најздодевен човек на планетата“, Милан Гутовиќ (75), беше сакан актер и кај обичниот свет и кај елитата, и кај богатите и кај сиромашните и горе и долу и лево и десно, секаде. Го опфати сечовечкото креирајќи улоги кои стана автентични, и тоа не само поради Среќко Шоиќ. -Да, тој е слика и прилика на општеството и неговите реплики ми ги крадат во Собранието- го објасни Гутовиќ својот ангажман во „Тесна кожа“ и “Бела лаѓа“. Го…
Андреј Пајмакоски за „Philosophy“
Неодамна нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски работеше кампања во Белград, за новиот српски бренд Филозофи (Philosophy) . Ова не е ново искуство на нашиот модел, пред да почне светската епидемија со Ковид 19, Андреј одлично работеше во Барселона за агенцијата Two Management. Неговата кариера и големото портфолио му донесоа голем број на ангажмани вклучително и последниот. - Андреј ги има сите можни предиспозиции за светска кариера, се чека само на добар пласман- вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од Моделс…
Јубилеј на Фолтин. 25 години и повторно под ведрото небо над Хераклеја
Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на истата локација, на античкиот локалитет Хераклеја, каде што точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава. Концертот беше музичко патување низ сите албумски изданија на овој бенд, а е завршница на низата промотивни концерти кои Фолтин летово ги имаше низ Македонија и во странство, како дел од промоцијата на последниот албум „Симултан бакнеж“. Под ведро небо, на полна месечина, пред илјадна…