Browsing Category
Интервјуа
Давид Неделковски. „Кози Млеко Планина“, работа со боси нозе и под сливовите сенки
Давид Неделковски е вистинскиот доказ за точноста на поговорката, дека добриот глас надалеку се слуша. Навистина! Кој не го знае фраерот од социјалните мрежи, ама и од настанте на Слоу фуд: нурнат во бујни зелени крошни, со боси нозе, окружен со кози и кучиња, како кадар од некој робинзонски документарец. Немирните кадрици му паѓаат врз очи, кои се напојуваат од убавините на селото Раштак, на 680 метри надморска височина, каде веќе 10 годии го живее- новиот живот. Концептот- таванот да му е отворено небо, кротење на…
Кога Марио готви, на Џејми Оливер му паѓа престилката
Нема ништо поживотно од Марио во кујна, сеедно дали трепка и го фали своето јадење што е „за прсте полизат“, или брчка по теглички со мирудии, мерејќи и премерувајќи занесен од боите и миризбите. Готвењето, знае овој популарен лик од „Преспав“, е вистински тренд, па тој „логично“ од метро се префрли на теренот на гастро- сексуалци и со целиот свој капацитет, еве стана бренд. Васил Зафирчев со ликот на Марио повторно ја екипира огромната публика што ги следи неговите готвачки победи на официјалните канали на „Преспав“ и…
Елена Џајкоска: „Гранче“ е љубов каде вирее традицијата наросена со твист
Доколку за и со готвењето се поврзат емоциите, особено- среќата преселена во чинии, таа девиза доживува триумф во животот на мојата соговорничка. Елена Џајкоска е дел од приказната на срцето, па вели: „Работите се случуваат кога ќе им дојде време, кога ќе созреат, кога ќе бидеме спремни за нив“. И точно така се роди гостилницата „Гранче“, објект во кој ќе се вљубите на прв поглед и на прво залче, каде таа ја вградува својата љубов, талентот и посветеноста... Елена, ти си херој на новата нормалност: минатата година, во екот…
Шеф Александра Атанасовска. Чудесна гастрономска сказна
Иако делува кревко, хероината на овој текст - Aleks Pucci, (како што ја препознаваат инстаграм следбениците), има сила да мрдне планини. Буквално. Одтаму и храброста студиите на фармација да ги смени со гастрономијата, за храна да сонува со „среќни“ очи, да компонира јадења за тајните вечери, да го усовршува искуството во ресторани наличени со мишелин ѕвезди, и- да си признае дека живее чудесна гастрономска сказна. Кај тебе Александра, се е прашање на емоција, инспирација и шепотот одвнатре, кој веројатно ти кажа да ја…
Не Ула, туку Лиле е вистинската газдарица на „Преспав“
„Со Ула немаме физички сличности, но сваќањата и принципите ни се исти- на почетокот на нашиот разговор, во една пријатна средба ни рече вистинската газдарица на „Преспав“, односно на „Лејк Вју“, Љиљана Нечовска. Всушност, целата приказана со овој шарментен комплекс, местото на сите случки во популарниот серијал, „библискиот пансион“ „Преспав“ е многу интересна. Семејството Нечовски се наши луѓе кои долго време работеле во Америка. Сонот да имаат свој ресторан се остварил откако го виделе заводливиот комплекс во Преспа,…
Нина Деан: Каи е нашето чудо и најголемата љубов
Ниту една промена во животот не е толку комплексна, богата и длабока колку што е мајчинството и врската помеѓу мајката и синот. Овој огномет од чувства, завиткан во топлина и емоции, притоа надоен со тони љубов, навистина ги прави жените посебни. Актерката Нина Деан вели дека тоа што стана мајка сосема и ги смени приоритетите, најчесто е расположена и со енергија, а кога не е така, една медитација ја враќа во нормала. Новиот член во семејството, бебе, е најголемата радост што потсетува на тоа какво чудо е животот. Нина, како…
Сашо Димоски, писател и драматург: Големите, планетарните потреси ја потенцираат нашата природна ранливост
Писателот и драматург Сашо Димоски, во пресрет на актуелната театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ потврдува дека навистина има особен сенс за се околу и во себе, велејќи вели дека претставата е осмислена и создадена во „новата нормалност“, и сервирана од контекстот на вирусот. Вистинско време да се погледне, почувствува присуството или отсустото на театарот онаков каков што го познаваме. Во годината што тече, во знакот на големите промени, пандемијата, Вие имате текстови за две премиери, нова книга и…
Chef Филип Митевски во најубавиот животен предизвик: Никол е мојата причина за среќа
Шеф Филип Митевски професионално е многу успешен и сосема остварен: тоа е човек на модерната кујна и арт фуд, вистински волшебник чии чинии наликуваат на уметнички слики: децентно, импресивно, моќно... Но, за да среќата биде потполна, требаше да се случи и нешто исто толку совршено на приватен план: ќерката Никол. Филип, моментално ја вкусуваш најголемата животна тајна и радост, родителството. Што се се смени кај тебе, се препознаваш ли откако имаш бебе? - Морам да признам дека сеуште сум како во убав сон но полека почнувам…
Слободанка Танева: Опера и фестивали, рака под рака
Имаше забележлив настап на „Макфест“:иако дебитант, привлече внимание со интересна боја на глас и певлива мелодија. Како дојде до сораборката со Ѓорги Крстевски, авторот на песната „Рам дам дари дам“? - Убаво е искуството да се осети таа сцена, ќе го паметам мојот прв настап. Да, дебитирав и песната е одлично прифатена, реакциите на публиката се позитивни, а за мене, нормално тоа е убаво чувство... Соработката со Ѓорги Крстевски трае подолг период, но за оваа песна беше сосема неочекувана. Ја слушнав песната „Рам дам дари…
Адријана Алачки, претседателка на „ГастроМак“: Натпреварот ќе биде од национален карактер и лоциран во „New Albis“ во Гостивар
Годинава, поради општата глобална состојба со пандемијата, во „новата нормалност“ се одложуваат настаните, фестивалите се одржуваат во скратено издание, физичката дистанца и здравствените препораки не дозволуваат ивентите да останат исти... Што ќе се случува со петтото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар „ГастроМак 2020“? - „ГастроМак“ како национална асоцијација на готвачи и членка на WACS на светската федерација на готвачи, како што е информирана јавноста, секоја година е организатор на најголемиот…