Browsing Category
Настани
„Бело Копче“ ви носат на подарок личен… „Сувенир из Сарајева”
Најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“, во 2022 година доби своја македонска верзија, откако група наши музичари го започнаа проектот: „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“! Освежувајќи ни ги емоциите токму како своевиден Tribute бенд, чии членови буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на Дугме. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски и во…
Лео Мартин: Охрид и „Одисеја“ убавини на мојот живот
Еден од најпознатите изведувачи од екс-Ју простори, автентичен и со гласот и во појавноста, Лео Мартин, годинава на „Охрид фест“ ја добива наградата за безвременски хит. Имено, композицијата „Одисеја“ евидентно стана евергрин добивајќи уште едно признание, а „Охрид фест“ останува доследен на својата цел да ги испочитува големите имиња од минатото, сите оние што оставиле трага во музиката. Како сте Лео, каде ве наоѓам? За почеток, како најчесто ве ословуваат, со името од личната карта -Милош, или со вашето уметничко име? -…
„Дојди на трпезата“, мотото на Вториот Национален Конгрес на Слоу Фуд Македонија
„Дојди на трпезата“ е мотото на Вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија што ќе се случува на 14 јули (недела) во Битола. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженија и групи, кои се дел од Слоу Фуд Македонија ќе присуствуваат на овој значаен настан кој ќе ги одреди приоритетите на организацијата, и програмските определби на кои ќе работи во следните 4 години. На трезата ќе се споделат идеи и решенија кои ќе одговорат на предизвиците на зачувување и обезбедување на добра чиста и правична храна за сите. На овој…
Големи имиња на „Охрид фест 2024“: Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан….
Подготовките за претстојното 31. издание на популарниот „Охрид фест - Охридски трубадури“ се во полн ек: годинава фестивалот ќе се случува на 30 и 31 август на добро познатата, величенствената сцена на Долни Сарај. „Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија но е познат и надвор од границите: изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, се емитуваше во педесетина земји во Европа и низ светот, во фестивалската биографија е…
Бруно Делбонел, добитник на „Златна камера 300 за животен опус“ на „Браќа Манаки“
Оваа година од 21-27 септември во Битола ќе се одржи јубилејното 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, соопшти на денешната прес конференција, директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски, кој го соопшти годинешниот лауреат на наградата за животен опус Златна камера 300. Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што фестивалот „Браќа Манаки“ му ја додели во 2011 година, по…
Култната поп-рок група „Меморија“ промовираше спот и одржа прес по повод на претстојниот концерт
Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ денес, четврток, 04-ти јуни 2024 го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата PRESS конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје . Промоцијата и PRESS-от се одржаа во просториите на Универзитетот „СКОПЈЕ“ (екс-Универзитет за туризам и менаџмент) со почеток во 13:00 часот. Пред бројните ТВ екипи новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на…
„Меморија“ со рефрен од најубавите патриотски – „Македонски бисери“ и најава за голем концерт во Штип
По неодамнешните објави дека бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подготвува новиот материјал кој ќе се најде на нивниот претстоечки албум предвиден да излезе некаде пред Нова година, „Меморија“ тргна со издавањето на неколку синглови. По првата песна која неодамна осамна во македонскиот радиоетер и веќе се врти на македонските радија, гитарската рок балада насловена „За тебе“, деновиве се појави втората. Во прашање е идна интересна преработка во која е вткаен спој од 4 рефрени на познати македонски…
Ана Петан: „Белградска пролет“ ми даде крилја
Неодамна на „Белградска пролет“ нашата Ана Петан, млада пејачка со огромен вокален потенцијал со „Балада за анѓел“ предизвика огромни овации кај публиката. Совршена интерпретација, аплаузи и споредба со Маја Оџаклиевска па песната што ја потпишуваат Григор Копров, Душан Бачиќ и Стефан Петановски многу брзо стана една од најслушаните на фестивалот. Стивнаа впечатоците од фестивалот „Белградска пролет“, каде имаше можност да бидеш во друштво на познатите музички имиња Јелена Томашевиќ, Гоца Тржан, Екстра Нена, но и пејачки од…
Роденден на Кинотека. Столе Попов добитник на „Златен објектив“
Кинотеката го одбележува својот роденден, односно датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката – 29 април, во далечната 1974 година. И, иако Кинотеката формално започнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и започнува да собира архивски материјали, формирајќи ги првите аудиовизуелни збирки и организирајќи ги првите кинотечни филмски проекции – сепак го одбележува како свој…
Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров
„Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан. Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорен вокал на Ана, а потоа затоа што е инспирирана од еден коментар на ју- тјуб, напишан под песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, една од омилените на Тоше Проески... Така коментарот „Када сам тужна ти си ту, кад сам среќна ти си ту, у…