Browsing Category
Настани
Недела на италијанската кујна од 14 до 24 ноември
Од 14-24 ноември ќе се одржи популарната, 8-ма по ред- Недела на италијанска кујна кај нас, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA- Italian Trade Agency Skopje, а во соработка со Конфиндустрија Северна Македонија. Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 14 ноември (вторник), во хотел Лимак -Скопје, со Мастерклас по италијанска кујна -слаткарство со Федерико Анцелоти, Претседател на Националното здружение на слаткари на Италија, добитник на наградата “Prix au Chef Patissier“ од…
Подгответе се за „99 Megastars“ – уживање за сите сетила
Музиката е универзален јазик на кој зборува срцето и има моќ да нѐ натера да чувствуваме различни емоции. Таа е највисоката форма на магија и, како што во една прилика рекол Карлос Сантана, има моќ да ги зближува луѓето. Музиката во исто време е и лек, факт потврден од Британската академија за звучна терапија (БАСТ), што со години ги проучува корисните ефекти од слушањето музика за терапевтски цели. Едно истражување на БАСТ, односно проектот наречен „Музиката како лек“, се обидува да идентификува точно каков вид музика…
Богданци почна да пишува гурманска традиција со Фестивал на југоисточен регион
Овој викенд во Богданци се случи првиот Фестивал на југоисточен регион: производителите од регионот, но и од подалеку, најбројни од редовите на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина. Имаше многу сонце оваа сабота во Богданци, а организаторите од Еко Росалес, како мали сонца- во жолти маички ги поздравуваа производителите, гостите, учесниците... Со многу добра енергија, со убаво, со арно, многубројните посетители го преплавија Градскиот парк и пробуваа од се што…
За првпат, Фестивал на југоисточен регион во Богданци
Утре (сабота, 28 октомври) во Богданци, во Градскиот парк, во организација на Еко Росалес Богданци, ќе се случува настан, неговото прво издание наречено - Фестивал на југоисточен регион, што има за цел да ги промовра локалните и традиционалните еко производи. Настанот почнува во 11 и ќе трае се до 16 часот, а освен производителите, околу 20-тина штанда, за убаво расположение ќе има и многу гости: планирано е да настапат Пејачка пензионерска група, ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД!-->…
Втор Национален саем за храна и пијалоци- сигурна база за нова средба во 2024
Минатата година почнавме да ја пишуваме биографијата, се сплотивме околу огништето наречено „Вкуси ја традицијата“ а сега, по одржаното второ издание на Национален саем за храна и пијалоци, можеме да ја планираме иднината.Кога на половина пат ќе се прегрнат традицијата и модерното, храната и пијалоците што и годат на душата, тогаш се создаваат старо-нови гастрономски универзуми. „Вкуси ја традицијата“ е настан што ја потврди тезата дека кај нас виреат вкусни плодови и чудесни, вредни луѓе што ја прават најдобрата,!-->…
„Гастромак и пријателите“: Предизвик за идните готвачи, да не ја напуштаат татковината
Заврши седмиот Гастромак, годинава носталгично насловен со „Гастромак и пријателите“, едукативна тура за учениците во Штип и Струмица, со што е исполнета целта, преку предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори и пошироко, да се унапреди нашата гастрономска сцена, и како што кажа претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, идните готвачи да останат во Македонија.Стево Карапанџа, Изток Легат, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, и почесниот гостин, Уве!-->…
“МАКФЕСТ 2023“: Традицијата променета во ново, модерно аудио – визуелно руво
Се наближува 38-то издание на “МАКФЕСТ 2023“, а на неодамнешната средба со новинарите се обзнананија сите детали и поединости. Иван Јорданов, во својство на прв човек на организаторот потсети за суштината, значењето, улогата и сето она што „Макфест“ значи, не смо за општината и нејзината околина, туку и за цела Македонија, македонската култура и јазик и националниот идентитет воопшто. Уметничкиот директор на фестивалот, композиторот и музичар Роберт Саздов потенцираше дека годинешново издание во двете фестивалски вечери!-->!-->!-->…
По 30 години Владо Јаневски повторно на „Макфест“
Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, нуди мошне атрактивна музичка понуда.Покрај оние помладите или помалку афирмираните музички имиња кои ќе настапат во првата фестивалска вечер, втората најавува вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат ќе!-->…
Во сабота, во Градскиот парк ќе вкусуваме од традицијата
Минатата година почнавме да ја пишуваме биографијата, се сплотивме околу огништето наречено „Вкуси ја традицијата“ и еве го најавуваме, топ-тан средено второто издание на Национален саем за храна и пијалоци. За таа цел, оваа сабота, 7 октомври, ве повикуваме на целодневна дружба (11-18ч) во Градскиот парк во Скопје.На овој највкусен и кај нас- најголем саем за храна, ќе може да се види, да се вкуси и да се слушне се за гурманската традиција и адетите околу неа : локалните продукти се на пиедестал, не поради носталгијата!-->…
Фантастичен успех на македонците на фестивалот „Cheese“ во Бра: Кога ќе кажеш сирење, мислиш на земја со илјада вкусови
На 11-то издание на „Cheese“ што неодамна се одржа во Бра, Италија, Слоу фуд Македонија се врати со констатација дека нашата земја има на што да биде горда. Едноставно: дојдовме, видовме и победивме!Овогодишната прослава на сирење и млечни производи ги собра мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет: имавме квалитетна промоција на македонските сирења, вина и на традиционалната кујна, за што сведочат редици посетители пред македонскиот штанд.Секојдневно на штандот на „земјата со илјада!-->…