Browsing Category
Промоции
Легендарната „Меморија“ со нова песна: „За тебе“, рок балада за ново ѕвездено небо
По спектакуларниот скопски концерт пред две години (11 јуни, 2022.) во Арената „Борис Трајковски“ и неколкуте концертни настапи низ Македонија, легендарната македонска група „Меморија“ е концертно, но и музички активна. „Нена“, „Оган под ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Снежана“, „Дирлада“... и останатата дузина хитови наскоро ќе бидат надополнети со нов репертоар. Имено, бендот е повторно креативно активен и веќе наголемо го подгтвува новиот материјал кој ќе се најде на нивноиот претстоечки албум кој ќе излезе некаде пред нова…
„Лажни светови“ песна за сите вистини на светот
Најпосле песна : „Лажни светови“ е најново од Бојана Скендеровски, одлична балада, може да се нарече- женска химна во која таа доминира вокално, покажувајќи го сиот свој раскош, целата своја емоција. Прекрасно! Инаку, авторот на песната, потписникот на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е дело на Димитар Андоновски. „Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на…
„Сломи ме“, првенче на Теди Грубица
„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“. Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна…
Фази во сушењето на пиперките- „природна еволуција“ на буковската пипер
Овој текст е дел од серијалот текстови за поддршка во промоцијата на традиционалното производство на зачинот буковска пипер, а во најава на манифестацијата „Вкусот на Буково“ преку која се слави неговата посебност. Манифестацијата оваа година се организира по петти пат, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кој не слушнал, или уште подобро, кој не користи буковска пипер: на леб намачкан со масло, за манџи, како мурудија...Производството на „буковска пипер“ има долга традиција и…
Тајната на „старото семе“ на буковската пиперка
Овој текст е дел од серијалот текстови за поддршка во промоцијата на традиционалното производство на зачинот буковска пипер, а во најава на манифестацијата „Вкусот на Буково“ преку која се слави неговата посебност. Манифестацијата оваа година се организира по петти пат, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Буковската пиперка, од која се произведува добро познатиот зачин „буковска пипер“, познат и под имињата „буковец“, „буковка“ итн, претставува посебен растителен локален генетски…
Сузана Спасовска: „Народе македонски“ има порака за народот, сардисан од сите страни
„Народе македонски" е една од оние песни кои во себе носат моќна порака, но и голема вистина за трагичното минато на нашиот народ. Создадена е во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани што биле извршени врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени биле повеќе од 200 загоричани, а селото било целосно уништено. Верзијата што во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува Николче Мицевски, а ја отпеа златно грло Сузана Спасовска е всушност правена…
Бојана Скендеровски: „Заветна“ е химна, со сета вистина за Македонија
Неофицијалната химна на Македонците како што ја нарекуваат „Заветна“ на легендарниот Пепи Бафтировски, Бојана Скендеровски не ја пее прв пат, но сега премиерно ќе ја чуете спакувана во ново руво. „Заветна“ е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ и нејзиниот нов аранжман, како впрочем и на целиот проект, го потпишува маестро Николче Мицевски. Инаку, „Заветна“ е една од оние песни во кои Бафтировски го опејуваше родниот крај. Создадена е пред повеќе од 30 години и песна која ја опејува вековната тага што се пренесува…
Здравко Василевски: „НАТО во новиот светски поредок: Геополитика и реализам“
„Без теории на заговор, без шпекулации, без скриени агенди и индоктринирани ставови, чист реализам и заклучоци базирани на факти.., тоа е препораката на Здравко Василевски, авторот на книгата „НАТО во новиот светски поредок: Геополитика и реализам“, која е во продажба на македонскиот пазар, а ја има и во српско издание. - Темата е одбрана бидејќи е исклучително важна и моментално актуелна, вели Василевски. - Се наоѓаме среде геополитички и де факто воен судир помеѓу НАТО и Руската Федерација, а нашата држава како дел од…
Боби Павловски: „Стара рана“, нова песна
„Стара рана“ е насловот на најновата песна во изведба на Боби Павловски. Станува збор за побрза композиција, спакувана во стилот на 80-те години и интересно е дека таа својата официјална промоција ја има на истиот датум како и нумерата „Поносан“. „Музиката, текстот и аранжманот се на Милан Раѓен мојот веќе проверен соработник кога станува збор за аранжманите на нумерите снимени на српски јазик и, исто така, комплетен автор на „Поносан“ која излезе на истиов ден, пред точно една година. Навистина убава коинциденција и…
Ламбе Алабаковски, прв од дванаесетте величенствени
„Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата од предвидените дванаесет нумери што јавноста ќе има можност да ги чуе како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. „Оган да го гори“ е песна со потписи на две фолк легенди- Војо Стојаноски, како автор на музиката, и Гоце Николовски, кој го потпишува текстот. Аранжманот е на Николче Мицевски, кој со огромна одговорност застана пред предизвикот да напише нови аранжмани за сите 12 композиции. „Гоце Николовски е мојот омилен пејач и од детството имав желба да…